Пролом Бања – 8-ми Декември (2 ноќи)

Термини

06.12.2026 – 08.12.2026 (3 дена / 2 ноќи)

Локација

Пролом Бања – Србија

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Ѓавола Варош е мистичен споменик на природата избран во ТОП 77 на најголемите чуда на природата.
• Црквата брвнара Лазарица е позната по 6 стебла од сливи кои при растењето се вртат околу себе.
• Пролом вода во сите соби и базени со Пролом вода во хотелот.
• Организирана прошетка со локален водич.

Сместување

• Сместување во Хотел Радан 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
• Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
• Користење на услугите од Велнес Центар: затворен базен со Пролом вода, отворено - затворен базен со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум
• Користење теретана и фитнес сала
• Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо)

Услови и информации

Во цената е вклучено:
• Превоз со туристички автобус на наведената релација

• Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
• Туристичка такса
• Организација и реализација со туристички придружник

Во цената не е вклучено:
• Патничко и здравствено осигурување
• Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница - 5€ (доплата на лице место)

Напомени
• За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
• За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
• За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
• Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
• Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
• Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
• Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
• Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
• За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Екстра Бус.

Цени

ПРОМО цена за комплетна уплата до 30.10.2026 - 175€/10.850ден
Редовна цена на аранжманот 185€/11.470ден
Доплата за превоз од Кавадарци: 20евра

Попусти и доплати:
• Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање)  бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
• Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање)
• Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
• Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
• Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден

Програма на патувањето

1.Ден 06.12.2026 (недела) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 07.12.2026 (понеделник) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 08.12.2026 (вторник) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10 часот заминување на организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Враќање во хотел. Заминување кон Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Тргнување и превоз

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

• Превоз со туристички автобус на наведената релација

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top