Врњачка Бања – 8-ми Декември

Термини

05.12.2026 – 08.12.2026 (4 дена / 3 ноќи)

Локација

Врњачка Бања – Србија

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Познато бањско место со минерални извори – Топла Вода, Снежник, Слатина, Језеро и Римските извори.
• Мостот на Љубовта е еден од симболите на Врњачка Бања.
• Манастирот Жича од XIII век, каде е крунисан првиот крал на Србија, е на кратко растојание.
• Хотелот има Велнес и СПА центар кој се користи секој ден.

Сместување

Хотел Фонтана
• Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби
• Исхрана на база 3 ноќевања со појадок (опционална доплата за вечера 15€ по лице од ноќ)
• Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби

Услови и информации

Во цената е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
• Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби
• Исхрана на база 3 ноќевања со појадок (опционална доплата за вечера 15€ по лице од ноќ)
• Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
• Секојдневно користење на Велнес и Спа центар на хотелот
• Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби
• Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
• Патничко и здравствено осигурвање
• Доплата за туристичка такса 5€ по лице за 3 ноќевања (доплата во агенција)
• Факултативна посета на манастирот Жича 10€ (доплата на лице место)

Напомени
• За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
• За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
• Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
• Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
• Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
• За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
• Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
• За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Екстра Бус.

Цени

ПРОМО цена за комплетна уплата до 30.10.2026 - 179€/11.098ден
Редовна цена на аранжманот 199€/12.338ден
Доплата за превоз од Кавадарци 20 евра

Попусти и доплати:
• Дете до 6,99год во придружба со 2 возрасни бесплатно во хотел (без сопствено легло) доплаќа само за превоз 35€/2.170ден
• Доплата за еднокреветна соба 60€/3.720ден на цената на аранжманот

Програма на патувањето

1. ден 05.12.2026 (сабота) СКОПЈЕ - ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина... По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.


2. ден 06.12.2026 (недела) ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Слободен ден за одмор, релаксација во Веленс Центарот на хотелот и индивидуални прошетки и разглед низ Врњачка Бања.  Ноќевање.


3. ден 07.12.2026 (понеделник) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Можност за  факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената.  Ноќевање.


4. ден 08.12.2026 (вторник) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Во договорено време со водичот на групата заминување кон Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Тргнување и превоз

Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина... По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

• Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top