Автобуски аранжмани Кушадаси
Лето во Кушадаси
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ: 12 дена / 9 ноќевања
01 ден – СКОПЈЕ-КУШАДАСИ
Состанок на групата од Скопје во 11:30 ч. на паркингот пред хотел Holiday Inn. Заминување за Турција во 12:00 ч. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.
02 ден – КУШАДАСИ
Пристигнување во пладневните часови. Сместување во хотел (по 13:00 часот). Слободно време за одмор. Ноќевање.
од 03 до 10 ден – КУШАДАСИ
Денови за одмор со престој во избраниот хотел. Комуникација со локалните представници за евентуални факултативни излети и посети.
11 ден – КУШАДАСИ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите до 10:00 часот. Заминување за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни одмори.
12 ден – СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

– Терминитe објавени во првиот ред од табелата се однесуваат на денот на поаѓање (термин BUS), а во вториот ред на денот на влез во објектите (термин check-in)
– Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (9 ноќевања со превоз), при сместување на минимум две лица на соба.
– Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност: 1 EUR = 62 MKD
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Попустите за деца или за трето лице, важат при сместување во соба со две возрасни лица, истите се пресметуваат во агенцијата при резервација на аранжманот.
– Употреба на клима уред, во хотелите OZCAM ** и AARGAU ** се доплаќа на рецепција (3€ на ден по соба или 27€)
– Цените во табелата се со пресметан попуст и истите важат за комплетна уплата до крајот на акциската продажба: 29.февруари 2020 г.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на релација Скопје – Кушадаси – Скопје
– Сместување во хотел и услуга по избор од табелата, на база 9 ноќевања
– Организација и реализација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме – полиса без франшиза)
ЗАБЕЛЕШКИ:
– Цена само на автобуски превоз: 80 EUR (60 EUR деца до 12 г.)
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
Легенда:
DBL/TWIN – двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL – еднокреветна соба, APP – апартман, Family – фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV – поглед на парк, SV – поглед на море, tv – телевизор, fr – ладилник (фриждер), ac – клима уред, BB – ноќевање со појадок, HB – полупансион (појадок и вечера), AI – (all inclusive) се вклучено.
ИНФОРМАЦИИ ЗА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
(КОНЕКЦИИ И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ):
Место и време на поаѓање:
Скопје 12:00 h (паркинг спроти хотелот “Holiday Inn”)
Велес 12:30 h (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино 13:00 h (бензиска пумпа, Макпетрол)
Смоквица 13:30 h (бензиска пумпа, РТ петрол)
Гевгелија 14:00 h (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Турција: 14:00 h (локално време, 13:00 македонско време)