Белград – Нова Година

Датуми

31.12.2026 – 02.01.2027

Локација

Белград

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Локација

Белград за Нова Година е 48-часовно забавно патување – денска забава, дочек во клуб со познат изведувач од српската естрада, и реприза втората вечер.

Сместувањето е во строгиот центар, на само пет минути пешачење од Кнез Михаилова.

Сместување

Сместување во хостелот „Јелица Миловановиќ“ во строгиот центар на Белград, спроти Собранието на Република Србија, на 100 метри од него.

Во аранжманот се вклучени:
• 2 ноќевања
• централна локација
• топли, чисти и комфорни соби

Информации

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Белград – Скопје
• 2 ноќевања во хостелот „Јелица Миловановиќ“ во строгиот центар на Белград
• организација со водич на патувањето

Во цената не е вклучено:
• пакет факултативи – задолжителен избор на еден од двата пакета
• туристичка такса – 5 € по лице (вкупно за двете ноќевања)
• патничко здравствено осигурување (се плаќа во агенција)
• индивидуални трошоци

Цени

ПАКЕТ БР. 1 – 90 € по лице: денска забава и реприза на Новата година втората вечер. Вклучува превоз во двата правци (хостел – клуб – хостел), влез и резервација.

ПАКЕТ БР. 2 – 130 € по лице: денска забава, дочек на Новата година и реприза втората вечер. Вклучува превоз во двата правци, влез и резервација, а за дочекот влез и неограничено пиење.

Резервацијата во клубот за дочекот се наплаќа дополнително, во зависност од избраното сместување во клубот.

Изборот на еден од двата пакета е задолжителен.

Што се посетува

Пристигнувањето во Белград е на 31 декември, по што веднаш следува сместување во хостелот во строгиот центар. По краткиот одмор следува денската забава со почеток од 14:00 часот, со која се загрева атмосферата за дочекот.

Во вечерните часови е организиран дочек на Новата година во клуб, со познат музички изведувач од српската естрада и забава до раните утрински часови.

Првиот ден од Новата година е слободен до вечерта – за одмор и индивидуална прошетка низ градот, на пет минути од Кнез Михаилова.

Вечерта следува реприза во еден од најпознатите клубови, со што се заокружува 48-часовното забавно патување.

Последниот ден е предвидено напуштање на сместувањето во утринските часови и враќање кон Скопје.

Превоз

Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Белград – Скопје. Состанокот со групата е на паркингот кај СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во однапред договорено време.

Враќањето е на 2 јануари, со пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top