Боемска Приказна – Нова Година
Датуми
30.12.2026 – 03.01.2027
Локација
Суботица - Палич - Сегедин - Мако
Контакт
043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com
Локација
Суботица е град на северот од Војводина, извесно време под австро-унгарска власт, што оставило најголемо влијание врз стилот на градбите – Градската куќа, Народниот театар, барокната Катедрала и Рајхловата палата, најубав пример за сецесија.
Аранжманот вклучува два новогодишни дочека на автентични војвођански салаши со тамбураши во живо, разглед на Суботица и Паличкото Езеро, и факултативен излет до Сегедин и термалната бања во Мако.
Сместување
Сместување во хотел „Forum Garni“ 4* во самиот центар на Суботица, на главната пешачка улица, опкружен со најубавите градби, ресторани и продавници.
Во аранжманот се вклучени:
• 3 ноќевања
• појадок
• два новогодишни дочека со тамбураши
Информации
Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус
• 3 ноќевања со појадок во хотелот „Forum Garni“ 4* во центарот на Суботица
• организиран дочек на Новата Година во Јелен Салаш – свечена вечера со тамбураши во живо
• организирана реприза на Новата Година во Мајкин Салаш – вечера со тамбураши во живо и неограничени домашни пијалоци
• организиран разглед на Суботица и Паличкото Езеро
• локален туристички водич за време на сите разгледи
• организација на патувањето и лиценциран туристички придружник
Во цената не е вклучено:
• туристичка такса – 1,50 € по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
• организирана посета на Сегедин и влезница во бањата Hagymatikum – 25 €
• пијалоци за време на новогодишната вечера
• патничко осигурување
Цени
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 € / 24.740 ден.
Плаќањето се врши во денарска противвредност.
Што се посетува
Патувањето започнува со организиран разглед на Суботица со локален туристички водич. Во центарот доминираат Градската куќа како најголема атракција и Народниот театар. Една од најрепрезентативните градби во барокен стил е Катедралата од крајот на XVIII век, а најубав пример за сецесија е Рајхловата палата, некогашна семејна куќа на архитектот Ференц Рајхл.
Вечерта на 31 декември е организиран дочек во Јелен Салаш, еден од најатрактивните ресторани во овој дел од Војводина. Во автентична атмосфера на вистински салаш и со свечена трпеза со домашна храна, Новата Година се дочекува со реномиран тамбурашки оркестар во живо.
Првиот ден од Новата Година започнува опуштено, во природа. Се оди кон Паличкото Езеро, најголемото природно езеро во Војводина, за кое постојат записи уште од XV век. Со локален водич се разгледуваат малата гостилница, големата тераса, големиот парк, Музичкиот павиљон, Спомен чешмата, Споменикот на Лајош Вермеш и плажата.
Вечерта следува реприза на Новата Година во Мајкин Салаш, уште еден бисер меѓу војвођанските салаши – традиционална храна, тамбураши во живо и неограничени домашни пијалоци.
Последниот цел ден е предвиден за факултативен излет во Унгарија. Сегедин со право го нарекуваат мала Виена – се посетуваат Музејот на писателот Ференц Мора, остатоците од Сегединскиот дворец, хотелот Тиса, плоштадот на грофот Иштван Сечењи со најубавите примероци на унгарската сецесија, плоштадот Дугоњиќ со Универзитетот и Катедралната црква. Потоа се оди во градот Мако, во бањата Hagymatikum, проектирана од архитектот Имре Маковец и едно од најзначајните дела на унгарската органска архитектура, со 18 базени и 9 различни сауни.
Превоз
Превоз со туристички автобус. Заминување на групата од Кавадарци во 21:30 часот и од Скопје во 23:00 часот, преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Враќањето е на 3 јануари, со пристигнување во Македонија во вечерните часови.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници.