БУДВА ЛЕТО 2021
Понуди за Будва
Будва претставува најатрактивното место на јадранскиот брег кој преку година има околу 14000 жители. Сето ова драстично се менува за време на летото кога огромен број туристи доаѓаат овде за да уживаат во својот годишен одмор.
Овој популарен туристички центар изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25км. Меѓу нив најпознати и најпривлечни за туристите се: Словенска плажа, Милочер, Каменово, Могрен 1 и 2, а поодалечени се и Плоче и Јаз каде свои концерти имаат одржано популарните светски мега ѕвезди Мадона и Ролинг Стоунс.
Дневните и ноќни забави се на највисоко ниво што го прават овој центар привлечен за младите луѓе ширум Балканот, но и цела Европа. Најпознати клубови се: K3, Trocadero, Top Hill, Sparta….