Будва – Нова Година

Датуми

30.12.2026 – 02.01.2027

Локација

Будва - Требиње - Тиват - Котор - Бар

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Локација

Будва е бисер на Јадранот и центар на медитеранскиот туризам, место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура во вечерните часови се претвора во отворен театар.

Дочекот на Новата 2027 година е пред платото на Стариот град во Будва, со богата уметничка програма и новогодишен концерт на Жељко Јоксимовиќ, а втората вечер има факултативна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин.

Сместување

Сместување во хотел 3* или во приватни вили во Будва.

Во аранжманот се вклучени:
• 2 ноќевања
• појадок (во хотел 3*)
• избор меѓу хотел и приватно сместување

Информации

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус на дадената релација
• поаѓања вклучени во цената од Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Штип, Велес и Куманово
• сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок
• сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања
• посета на Свети Стефан
• организација и пратител на патувањето

Во цената не е вклучено:
• факултативен излет до Требиње – 20 €
• факултативен излет до Котор и Тиват – Порто Монтенегро – 20 €
• факултативна вечерна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин – 15 €
• пакет цена за сите излети – 50 €
• туристичка такса за сместување во Будва – 3 € (се плаќа во агенцијата)
• влезници за посети и патничко осигурување

Цени

ЦЕНА: 109 € / 6.750 ден. за приватно сместување

ЦЕНА: 145 € / 8.950 ден. за сместување во хотел 3*

За реализација на факултативните излети потребни се минимум 30 пријавени лица.

Што се посетува

Пристигнувањето во Будва е на 31 декември во претпладневните часови, со пауза за фотографирање и панорама на Свети Стефан, едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранот. Попладнето е слободно за прошетка по кејот на Словенска плажа и низ Стариот град, опкружен со ѕидини од венецијанската ера, со посета на Цитаделата.

Вечерта е дочекот на Новата 2027 година пред платото на Стариот град во Будва, со богата уметничка програма и концерт на Жељко Јоксимовиќ.

На 1 јануари е предвиден факултативен излет до Требиње преку Тиват со траект – градот на сонцето и платаните, под планината Леотар во долината на Требишњица. Се посетува комплексот Херцеговачка Грачаница со поглед на целиот град, Саат кулата, градските ѕидини, мостот Арсланагиќ и Плоштадот на поетите со јаворите стари над 120 години.

Вечерта има можност за факултативна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин.

На 2 јануари следува факултативен излет до Бокакоторскиот залив – средновековниот Котор со катедралата „Свети Трифун“ и црквите „Свети Лука“ и „Света Ана“, под заштита на УНЕСКО, а потоа Тиват со луксузниот комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако.

Превоз

Превоз со туристички автобус. Поаѓање од Скопје, од паркингот кај СЦ „Борис Трајковски“, во 23:00 часот на 30 декември. Патот води преку Косово и Албанија, со ноќно возење и попатни одмори.

Во цената се вклучени поаѓања и од Битола во 19:00, Гевгелија во 19:00, Прилеп во 20:00, Кочани во 20:00, Струмица во 20:00, Радовиш во 20:30, Кавадарци во 21:15, Штип во 21:30, Велес во 22:00 и Куманово во 22:00 часот.

Враќањето е на 2 јануари, со пристигнување во доцните вечерни часови.

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. Потребна е важечка биометриска лична карта или биометриски пасош.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top