Херцег Нови – Нова Година
Датуми
30.12.2026 – 03.01.2027
Локација
Херцег Нови - Игало - Дубровник
Контакт
043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com
Локација
Херцег Нови е основан пред 600 години и го нарекуваат градот на сонцето, заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето – тука вегетираат 250 различни видови растенија донесени од сите континенти.
Аранжманот вклучува престој во Игало во хотел со спа центар, дочек на Новата Година на плоштадот со богата музичка програма и целодневен излет до Дубровник.
Сместување
Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel & Spa“ 4+ во Игало, со внатрешен базен со лековита минерална вода и велнес и спа центар.
Во аранжманот се вклучени:
• 3 ноќевања
• појадок
• користење на спа центарот
Информации
Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус
• 3 ноќевања со појадок во хотелот „Palmon Bay Hotel & Spa“ 4+
• користење на спа центарот во хотелот
• организиран разглед на градот со локален туристички водич
• организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич
• организација на патувањето и туристички придружник
Во цената не е вклучено:
• доплата за еднокреветна соба – 255 € за трите вечери
• туристичка такса – 1,50 € по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
• свечена новогодишна вечера со музика во хотелот – 75 € по лице (не е задолжителна)
• втора свечена вечера со музика во хотелот – 65 € по лице (не е задолжителна)
• доплата за соба со балкон – 5 € по лице од вечер
• патничко осигурување
Цени
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 € / 24.740 ден.
Плаќањето се врши во денарска противвредност.
За потврда на резервација е неопходна уплата од 30% од аранжманот, а целосната доплата е до 25.11.2026.
Што се посетува
Патувањето започнува со организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич – тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бококоторски Залив. Целиот град претставува една огромна ботаничка градина.
Сместувањето е во Игало, кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Хотелот располага со внатрешен базен со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото, како и со велнес и спа центар.
Вечерта на 31 декември е организиран дочек на Новата Година на плоштадот во Игало, со богата музичка програма за која се ангажирани Саша Матиќ и Џенан Лончаревич. Свечен дочек се организира и во ресторанот на хотелот, факултативно и со претходна резервација.
На 1 јануари е предвиден организиран излет до Дубровник, под заштита на УНЕСКО – белиот град обвиткан со околу 2 километри ѕидини и поделен со главната улица Страдун. Разгледот е со локален туристички водич. Вечерта следува забава со Наташа Беквалац и Ади Шоше.
На 2 јануари на повеќе места на отворено се организираат дневни журки со настапи на популарни музичари, а вечерта гостите ги забавуваат членовите на оркестарот на Александар Софронијевиќ. Деновите се слободни за уживање во внатрешниот базен и спа центарот.
Превоз
Превоз со туристички автобус. Заминување на групата од Кавадарци во 21:30 часот и од Скопје во 23:15 часот, пред туристичките агенции, со ноќно патување преку Косово и Албанија.
Враќањето е на 3 јануари, со пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
Агенцијата не може да гарантира за спрат и поглед од собите, бидејќи распоредот и сместувањето се во надлежност на хотелот.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници.