ИОС
Иос –Најпопуларниот остров помеѓу младите. Токму и тие го нарекуваат Грчката Ибица. Единствениот остров на кој забавата трае 24 часа. Островот е едно од најубавите места во Грција, но сето тоа е зачинето со луди журки и забави. Кога присуствувате на овој остров, едноставно енергијата која тој ја носи, ве тера да се впуштите во уживање на она што го имате пред вас и без размислување да ги создадете најдобрите спомени кои самиот остров може да ги создаде. Тоа ја оправдува информацијата дека островот го посетуваат преку 30.000 млади во летната сезона од целиот свет, и на големо наше задоволство за прв пат ќе биде посетено и од младите од Македонија. Не дозволувајте да ви прераскажуваат и да гледате слики како си поминавме, едноставно, впуштете се во ова што го нудиме само ние…
Покрај забавата, Иос важи и за остров кој е опколен со преубави плажи. Една од најстарите и најпопуларните плажи е Mylopotas, која е меѓу најубавите плажи на Егејското Море. Плажите на Иос, ќе ве остават без зборови и ќе направат да се чуствувате како да сте во рајот на земјата. Плажите се со ситен песок кои својата убавина ја споделуваат со кристално чистата вода. Едни од најпопуларните плажи на островот исто така се Mylopotas, Manganari, Jialos и Koubaras. Колку и да продолжиме да ви го опишуваме ова преубаво место за журка и одмор нема да можеме да го доловиме она што го поседува островот кој е опколен со исто така најпопуларните острови: Миконос и Санторини (Mykonos,Santorini).
1ДЕН. (СКОПЈЕ–АТИНА)
Поаѓање во попладневните часови. Возење низ Македонија и Грција со попратни паузи.
2ДЕН. (РАФИНА–ИОС)
Пристигнување на пристаништето Рафина, упатување кон Иос со траект. Пристигнување на Иос. Сместување.
2–9ДЕН. (ИОС)
Престојот на овој остров никако нема да ве остави рамнодушни. Прекрасните плажи, богатата флора и фауна како и големиот број на барови на плажа, дискотеки и грчки таверни ќе се погрижат да го доживеете најлудото лето досега.
9ДЕН. (ИОС–РАФИНА)
Напуштање на собите, слободно време за шопинг и релаксација. Упатување со траект кон пристаништето Рафина. Ноќно возење преку Грција и Македонија со попатни паузи.
10.ДЕН(СКОПЈЕ )
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- 7 ноќевања во одбраното сместување
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Факултативни излети
- ЗАДОЛЖИТЕЛНОПатничко и здравствено осигурување – 350 денари
- Повратен билет за траект на релација Рафина – ИОС – Рафина 3750 денари (кој се доплаќа во агенција)
- Доплата за двокреветна соба 50€ по лице
Термин | Услуга | HOTEL NEFELI | |
1/3 | 1/4 | ||
03.07 – 11.07 (6 ноќевања) |
Ноќевање | 229€ | 229€ |
10.07 -18.07 (7 ноќевања) |
Ноќевање | 249€ | 249€ |
17.07 –25.07
(7 ноќевања) |
Ноќевање | 249€ | 249€ |
24.07 –01.08 (7 ноќевања) |
Ноќевање | 249€ | 249€ |
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:
Хотелот Нефели поседува одлична локација од сите атрактивни случувања на островот Иос. На само 150 метри од баровите, рестораните и ноќните клубови кои овозможуваат супер и поинаков провод по кој е препознатлив овој остров.
Вилата поседува сопствен базен и бар за дополнително уживање и дружење.
Студијата кои се трокреветни и четворокреветни поседуваат телевизор, фрижидер, сопствено купатило, како и клима уред – чие користење е ГРАТИС.
