Кавала – Нова Година

Датуми

30.12.2026 – 01.01.2027

Локација

Кавала - Солун

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Локација

Кавала е еден од најубавите грчки градови, кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала – многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште.

Аранжманот вклучува престој во центарот на Кавала, дочек на Новата Година во ресторан со вечера и музика во живо, и посета на Солун.

Сместување

Сместување во хотел „Oceanis“ 3* лоциран во центарот на градот.

Во аранжманот се вклучени:
• 2 ноќевања
• појадок
• новогодишна вечера во ресторан

Информации

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус на наведената релација
• 2 ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 3*
• организиран дочек на Новата Година во ресторан во Кавала – вечера со музика во живо
• посета на Солун
• организација на патувањето и туристички придружник

Во цената не е вклучено:
• доплата за еднокреветна соба – 50 € за двете ноќевања
• пијалоци за време на новогодишната вечера во ресторанот
• туристичка такса во Кавала – 2,50 € по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
• патничко осигурување

Цени

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 € / 12.960 ден.

Плаќањето се врши во денарска противвредност.

За потврда на резервација е неопходна уплата од 30% од аранжманот, а целосната доплата е до 30.11.2026. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.

Што се посетува

Пристигнувањето во Кавала е околу пладне на 30 декември, по што следува сместување во хотел во центарот и слободно време за прошетки низ градот, кој живее во празнична еуфорија.

Денот на 31 декември е слободен за уживање покрај море во празнична атмосфера. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните празнични слатки – kourabiedes со бадеми и melomakarono со ореви и сируп.

Вечерта следува организирано заминување во ресторан во Кавала, каде се дочекува Новата 2027 Година во весела атмосфера и со музика во живо. Вечерата е вклучена во цената на аранжманот.

На 1 јануари, по одјавувањето од хотелот, групата заминува кон Солун, со слободно време за индивидуални прошетки долж пристаништето и во центарот на градот.

Превоз

Превоз со туристички автобус. Заминување на групата од Скопје во 02:00 часот и од Кавадарци во 04:00 часот, пред туристичките агенции, со попатни застанувања и одмори.

Враќањето е на 1 јануари, со пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Еднокреветните соби немаат балкон. Агенцијата не може да гарантира за спрат и поглед од собите, бидејќи распоредот и сместувањето се во надлежност на хотелот.

За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top