Копаоник – Нова Година

Датуми

30.12.2026 – 02.01.2027 (4 дена / 3 ноќи)

Локација

Копаоник – Брзече – Србија

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Локација

Дочекајте ја Новата 2027 година во топол и пријатен амбиент во Апарт Хотел „Копаоник Брзече“, со прекрасен поглед од најубавите пејсажи и снежните падини на Копаоник.

Сместено на североисточната страна на Копаоник, на околу 1.100 метри надморска височина, Брзече е едно од најубавите планински места за одмор во текот на целата година. Познато по чистиот планински воздух, нетакнатата природа и погледите кон снежните врвови, Брзече е совршена дестинација за љубителите на природа, авантура и релаксација.

Сместување

Сместување во Апарт Хотел „Копаоник Брзече“ во Брзече, на североисточната страна на Копаоник.

Во аранжманот се вклучени:
• 3 ноќевања
• 2 полни пансиони (појадок, ручек и вечера на шведска маса) и 1 полупансион (појадок и вечера)
• 2 свечени вечери со музика (31.12.2026 и 01.01.2027)

Информации

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со високотуристички автобус
• организација и водство на патувањето, придружник
• 2 свечени вечери (31.12.2026 и 01.01.2027) со музика
• трансфер со шатл бус до скијачкиот центар Копаоник на 01.01.2027
• 2 полни пансиони на база појадок, ручек и вечера и 1 полупансион (појадок и вечера)

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• туристичка такса – 0,85 € по ноќ, се плаќа на рецепција
• трансфер со шатл бус до скијачките центри на Копаоник на 31.12.2026 – 5 €
• патничко осигурување

Напомена:
• За сопствен превоз се одбива 10 евра од цената по лице.

Цени

ЦЕНА:
Цена со попуст = 275 € (до 10.11.2026)
Редовна цена = 295 €

Термин: 30.12.2026 – 02.01.2027.

Попуст: деца од 5 до 9 години плаќаат 185 € (ги користат услугите на хотелот и превозот).

За сопствен превоз се одбива 10 € од цената по лице.

Програма

1. ден – 30.12.2026, Скопје – Копаоник
Состанок на групата пред Дрво Декор во 06:00 часот. Поаѓање кон Копаоник во 06:30 часот со попатни паузи. Пристигнување во Брзече и сместување во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности во Брзече. Вечера (шведска маса). Ноќевање.

2. ден – 31.12.2026, Копаоник
Појадок. По појадокот, љубителите на зимскиот спорт имаат можност за факултативна посета на скијачките центри, каде се познатите кафулиња, салаши и ресторани. Заминување кон центарот на Копаоник и запознавање со неговите убавини. Факултативен превоз со шатл бус до центарот на Копаоник. Во договор со водичот враќање во хотел. Слободни активности и одмор. Од 21:00 часот започнува програмата со свечена вечера, музика и забава со локален бенд до доцните вечерни часови. Ноќевање.

3. ден – 01.01.2027, Копаоник
Појадок. По појадокот, слободни активности и заминување до скијачките центри со шатл бус. Уживање во убавините на Копаоник. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време. Во вечерните часови реприза на новогодишната ноќ. Свечена вечера и музика. Ноќевање.

4. ден – 02.01.2027, Копаоник – Скопје
Појадок. По појадокот одјава од хотелот и заминување. Попатни паузи за одмор и царински формалности. Во вечерните часови пристигнување во Скопје.

Превоз

Превоз со високотуристички автобус. Состанок на групата пред Дрво Декор во Скопје во 06:00 часот. Поаѓање кон Копаоник во 06:30 часот, со попатни паузи и царински формалности.

Враќање на 02.01.2027, со пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top