Котор – Нова Година
Датуми
30.12.2026 – 03.01.2027
Локација
Котор - Дубровник
Контакт
043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com
Локација
Котор е град стар над 2000 години, сместен во Бока Которска и заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство, познат по урбаната архитектура и прекрасниот природен амбиент.
Аранжманот вклучува престој во стариот град на Котор, дочек на Новата Година на плоштад со настап на Здравко Чолиќ и целодневен излет до Дубровник.
Сместување
Сместување во хотел „Marija“ 3* во внатрешните ѕидини на стариот град, во барокна градба во која своевремено престојувал австрискиот цар Фрањо Јосиф.
Во аранжманот се вклучени:
• 3 ноќевања
• појадок
• сместување во стариот град
Информации
Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус
• 3 ноќевања со појадок во хотелот „Marija“ 3* во Котор
• организиран разглед на градот со локален туристички водич
• организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич
• организација на патувањето и туристички придружник
Во цената не е вклучено:
• туристичка такса – 1 € по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
• патничко осигурување
Цени
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 € / 15.440 ден.
Плаќањето се врши во денарска противвредност.
За потврда на резервација е неопходна уплата од 30% од аранжманот, а целосната доплата е до 25.11.2026.
Што се посетува
Патувањето започнува со организиран разглед на Котор, град кој се наоѓа на листата на УНЕСКО. Се посетуваат Катедралата „Свети Трипун“ и Црквата „Свети Лука“, а градските плоштади и улици претставуваат отворена сцена за многубројните традиционални приредби и претстави.
Вечерта на 31 декември е организиран дочек на Новата Година на плоштад, со богата музичка програма за која е најавен настапот на регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ.
На 1 јануари е предвиден организиран излет до Дубровник, еден од најатрактивните градови на Средоземјето, исто така под заштита на УНЕСКО. Белиот град е обвиткан со околу 2 километри дубровачки ѕидини и поделен со главната улица Страдун. Разгледот е со локален туристички водич, по што следува слободно време.
Вечерите на 1 и 2 јануари се предвидени забави на отворено, а деновите се слободни за индивидуални прошетки низ градот, кој изобилува со продавници и мали ресторани со медитерански специјалитети.
Превоз
Превоз со туристички автобус. Заминување на групата од Кавадарци во 22:30 часот и од Скопје во 00:15 часот, со ноќно патување преку Косово и Албанија и попатни паузи за одмор.
Враќањето е на 3 јануари, со пристигнување во Македонија во вечерните часови.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници.