Лефкада
Магијата на тиркизното море и
Лефкада, автентичен остров на Јонскиот Архипелаг кој уште се нарекува нарекува сино-бел остров поради чистото море кое ги менува во текот на денот сите нијанси на сината боја и белите карпи и песок. Познат е по волшебната природа, рајските песочни плажи и богатата културна-историска традиција. Токму овие карактеристики го прават атрактивна и достапна туристичка дестинација секое лето. Островот е споен со копното со висечки мост. Најголемо населено место е истоимениот град Лефкада, а едно од најпосетуваните места е Василики.
Василики се наоѓа на јужната страна од островот, поради што е најпосетуван туристички град, 37 km југозападно од градот Лефкада. Класично, грчко, рибарско село опкружено со недогледни песочни плажи, кристално бистра вода со плитки и длабоки делови, погодни за сечиј вкус. Во долината на Василики постојат мнозинство на антички згради кои веројатно припаѓаат на античкиот град. Стрмните падини кои ги опкружуваат населбата и околните плажи обезбедуваат дополнително чувство на релаксација и можност за бројни активности (јавање, планински велосипедизам, планинарење).