Хотел Bellagio 3* All Inclusive – Фурка – Лето 2027

Термини

29.05.2027 – 25.09.2027 (смени од по 7 ноќевања, ALL INCLUSIVE)

Локација

Фурка, Касандра, Халкидики – Грција
400 м од песочната плажа
Локација на мапа

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Фурка е мирно место на западната, помирна страна на полуостровот Касандра, Халкидики.
• Хотелот е опкружен со бујна борова шума и зеленило, а плажата е на 400 метри.
• Плажата е со ситен песок и постепена длабочина – идеална за семејства со мали деца.
• Хотелот е познат по богатата програма „се вклучено“ и содржините за деца.

Сместување

Хотелот Bellagio 3* се наоѓа на прекрасна локација, опкружен со бујна зелена борова шума и зеленило, на 400 метри од песочната плажа на Фурка, на западната и на помирната страна на полуостровот Касандра, Халкидики. Хотелот со 3+ звезди е најдобриот избор за вашиот идеален семеен одмор, кој комбинира релаксација и мир, а воедно и многу можности за активен одмор, за вашето семејство или вашите пријатели. Стилот и атмосферата во хотелот создаваат чувство на удобност и спокојство, бегајќи од секојдневието и гужвата. Хотелот е добро познат на нашиот пазар, и е надалеку познат по својата богата програма на СЕ ВКЛУЧЕНО и многу содржини. Причината што многу гости се враќаат повторно повеќе години, покрај својот квалитет, придонесува и профилот на фамилијарни гости со деца за кои има многу содржини, дружења, нови познанства и сеќавања кои траат засекогаш. Кога децата имаат преокупација и простор за дружење, возрасните имаат повеќе време за нив, за вистински одмор.

• Хотелот вклучува појадок, ручек и вечера како и пијалоци. Оброците се сервирани на база на шведска маса.
• Појадокот се сервира од 8 до 10 часот по локално време и вклучува сувомеснати производи, млечни производи, леб, јајца, салата, мармалад, свежо овошје и слично.
• Ручекот се сервира од 13 до 15 часот и вклучува избор од 3 топли јадења на база на месо, како и салати, леб, солени намази.
• Вечерата се сервира од 19 до 21 часот и вклучува избор од 3 топли јадења од кои 2 се на база на месо, леб, солени намази и слично.
• Барот покрај базенот служи бесплатни пијалоци од 10 до 21 часот, а после 21 часот може да се купи пијалок по редовна цена. Мини барот работи до 24 часот.
• Димензии на креветите: единечен кревет 75×185 см, француски лежај 200×185 см, помошен кревет на отворање 65×175 см.
• Во цената има вклучено: клима, паркинг, интернет, крпи, телевизор, користење на базен.
• Сместувањето е после 14 часот по локално време, а напуштањето на собата е до 11 часот. Рецепцијата е отворена 24 часа.

Напомени и услови

• Цените се дадени по соба за 7 ноќи СЕ ВКЛУЧЕНО, во евра, за уплата исклучиво во МКД.
• Хотелот располага со 1/2+1 соби и додатен лежај за второ дете, или детето спие во кревет со родител.
• 1-во и 2-ро дете од 2 до 12 години (според ценовникот).
• Хотелот не може да прими 4 возрасни лица во соба.
• Попустите не може да се комбинираат.
• Програмата „се вклучено“ се состои од 3 оброци со вклучени пијалоци, како и користење на базен, клима уред и сите содржини на хотелот.
• Туристичката такса од 35 € по соба за 7 ноќи се плаќа на рецепција.

Цени

Попусти: Попусти за рана уплата: 20% до 30.11.2026, 15% до 31.12.2026, 10% до 28.02.2027. За користење на попустот за рана резервација е потребна уплата од 40%, а остатокот најдоцна 14 дена пред термин.

ТерминНоќевања2 возрасни2 возр. + 1 дете2 возр. + 2 деца3 возрасни3 возр. + дете
29/05-05/067599 €599 €769 €789 €789 €
05/06-12/067659 €659 €819 €829 €829 €
12/06-19/067849 €849 €1.039 €1.059 €1.059 €
19/06-26/067899 €899 €1.099 €1.159 €1.159 €
26/06-03/077969 €969 €1.119 €1.179 €1.179 €
03/07-10/0771.039 €1.039 €1.199 €1.269 €1.269 €
10/07-17/0771.099 €1.099 €1.249 €1.299 €1.299 €
17/07-24/0771.199 €1.199 €1.299 €1.349 €1.349 €
24/07-31/0771.199 €1.199 €1.299 €1.349 €1.349 €
31/07-07/0871.199 €1.199 €1.299 €1.349 €1.349 €
07/08-14/0871.199 €1.199 €1.299 €1.349 €1.349 €
14/08-21/0871.199 €1.199 €1.299 €1.349 €1.349 €
21/08-28/0871.159 €1.159 €1.229 €1.299 €1.299 €
28/08-04/097999 €999 €1.149 €1.199 €1.199 €
04/09-11/097929 €929 €1.049 €1.159 €1.159 €
11/09-18/097659 €659 €799 €799 €799 €
18/09-25/097599 €599 €749 €729 €729 €

Околина

Најблиската плажа (350 м) до хотелот е пред хотелот Greek Pride Seafront, каде туристите можат да изнајмат лежалки или да постават свои. Идеална плажа за фамилии со мали деца заради ситниот песок и постепената длабочина.

Превоз

• Автобуски превоз (по лице, се доплаќа): 45 € за возрасни од Битола и Прилеп, 50 € од Скопје, Велес и Кавадарци.
• Автобуски превоз за деца од 2 до 11,99 години: попуст 10 € од редовната цена.
• Попустите не може да се комбинираат.

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top