Макарска

Туристичка Агенција Екстра Бус

Бисерот на Јадранот ќе ве
маѓепса ова лето

Mагичната привлечност на хрватското приморје доживува кулминација во неговиот најживописен дел – Далмација. Оваа туристичка мека, доволно позната на македонскиот пазар од времето на заедничката држава и денес изобилува со квалитети кои ќе Ве остават без зборови. Синилото на Јадранското Море, автентичните приморски градови, богатиот ноќен живот, морските специјалитети и прекрасните плажи се само дел од долгата листа адути на Далмација!

Во вашиот избор и размислувања, – кое место од многуте нанижени од двете страни на градот Сплит: Тучепи, Макарска, Подгора, Брела, Трогир, Примоштен, Шибеник, Водице… би ги избрале за одмор, ние за оваа сезона Ви ја предлагаме Макарска. Бисерот на Далмација и градот кој плени со сета негова содржина. Вам секако ви преостанува само да уживате во неа! А што всушност Макарска ви нуди?!

Навистина многу… Близината на островите Брач, Хвар, Корчула… планината Биоково, не така далечните слапови на Крка, Плитвичките езера, градовите Сплит, Солин, Трогир… како и најблиските места: Башка Вода, Брела, Тучепи… се едноставно непрекината инспирација за збогатување на спомените кои можат да се стекнат за само едно лето во Хрватска и Далмација. Доколку пак посакате да го посветите своето време исклучиво на Макарска, сосема е извесно дека нема да останете без фотографии.

Посетите на многуте историски градби, како 500 години стариот Фрањевачки самостан, единствениот Малаколошки музеј, Институтот за планините и морето, црквата Св.Марко на Кациќевиот плоштад, Градскиот музеј, црквите на Св.Филип и Св.Петар… се вредност која дополнително ќе го направи вашиот престој во Макарска уште побогат…

No results found.
Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287