Куќа Makis – Неа Флогита – Лето 2027

Термини

16.05.2027 – 26.09.2027 (смени од по 7 ноќевања)

Локација

Неа Флогита, Халкидики – Грција
GPS: 40.256969, 23.223039

Контакт

043 420 020 / 072 230 200
booking@ekstrabus.com

Интересни факти

• Мало крајбрежно место на полуостровот Касандра, првиот од трите „прста“ на Халкидики.
• Долга песочна плажа со плитко и чисто море, погодна за семејства со деца.
• Покрај морето се протега шеталиште со палми, таверни и кафулиња – сè е на пеш растојание.
• Поспокојно од Калитеа и Ханиоти, но доволно близу до поживите места на Касандра.

Сместување

Куќа „Макис“ е лоцирана на главната улица кај фудбалското игралиште во Неа Флогита, на само 50 метри од прекрасната плажа и 100 метри од центарот на местото. Располагаме со 3 четирикреветни мезонети на високо приземје. Секој мезонет располага со комплетно опремена реновирана кујна, ТВ и сопствени тоалети. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Мезонетите имаат сопствени тераси. Гостите со сопствени возила може да се паркираат пред вилата. Во близина на куќата има пазар на 70 метри, пекара на само 20 метри додека најблискиот голем супер маркет е оддалечен на најмногу 50 метри.

• 1/4 мезонет бр. 1 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
• 1/4 мезонет бр. 2 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
• 1/4 мезонет бр. 3 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.

Напомени и услови

• Цените во табела бр. 2 – сезонски се дадени за наем на мезонет за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа: за возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45 евра); за деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра); деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
• Цените во табела бр. 1 и 3 – вонсезонски се дадени по лице за пакет аранжман – 7 ноќевања со вклучен превоз.
• Во вонсезонските цени за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) по лице.
• Во вонсезонските цени во мезонет плаќаат минимум 2 лица; 3-то и 4-то лице се сместуваат бесплатно, плаќаат само превоз доколку користат.
• Вонсезонските цени обележани со * не подлежат на попуст и истите се непроменливи (за сопствен превоз цената не се намалува).
• Во мезонет дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
• Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
• Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
• Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената (информации во агенција).
• Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд).
• Попустите не можат да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени не следува попуст.
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
• Усни и телефонски резервации се невалидни. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
• Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
• Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
• Информациите и фотографиите се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас. Сликите и текстот се генерички и не можат да се сметаат за договорни. Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
• За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на престојот должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
• Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по мезонет.
• Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект. Сопственикот има право да ја скрати услугата со клима уред доколку го оставате вклучен додека сте надвор од собата.
• Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат сопственикот на објектот, а доколку проблемот не биде решен, веднаш и организаторот на патувањето, за време на првиот ден од сместувањето. Рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето, нема да бидат разгледани.
• Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување; недостаток на истите не е одговорност на агенцијата и поради него не може да се откаже аранжманот или да се промени термин.

Цени

Попуст: 20 % попуст на вонсезонски цени и 25 % попуст на сезонски цени за резервации заклучно со 05.12.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота).

ТерминНоќевања1/4 мезонет
16/05-23/057109 €
23/05-30/057119 €
30/05-06/067189 €
06/06-13/067199 €
13/06-20/067269 €
20/06-27/067289 €
ТерминНоќевања1/4 мезонет
27/06-04/077649 €
04/07-11/077689 €
11/07-18/077739 €
18/07-25/077739 €
25/07-01/087799 €
01/08-08/087799 €
08/08-15/087799 €
15/08-22/087739 €
22/08-29/087739 €
ТерминНоќевања1/4 мезонет
29/08-05/097299 €
05/09-12/097269 €
12/09-19/097189 €
19/09-26/097109 €

Околина

Куќата е на 50 метри од плажата и 100 метри од центарот на Неа Флогита. Во близина има пазар (70 м), пекара (20 м) и голем супермаркет (до 50 м). Паркирање пред вилата за гости со сопствен превоз.

Превоз

• Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
• Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови. Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
• Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина багаж.
• Распоредот на седење во автобус се прави 2 дена пред датумот на поаѓање, системски, според датумот на уплата на аранжманот.
• Кога патникот уплаќа превоз, има обезбедено седиште; за резервација на одредено седиште доплата е 20 евра по лице. Првиот ред седишта е резервиран за персоналот.
Место на поаѓање:• Скопје – хотел „Russia“
• Куманово – БП Макпетрол (автопат)
• Велес – БП Макоил
• Неготино – БП Макпетрол Неготино
• ГП Богородица

Можеби ќе те интересира

Scroll to Top