Општи услови за патување

Туристичка Агенција Екстра Бус
  1. СОДРЖИНА НА ПАТУВАЊЕ

Организаторот на патување гарантира реализација на аражманот според описот во програмата. Содржината на аражманот ќе се оствари во целост и на опишаниот начин, освен во случај на виша сила (војна, штрајк, терористички акции, елементарни непогоди и слично).

  1. ПРИЈАВИ И УПЛАТИ

Пријави за секое патување се вршат до пополнување на слободните местата. Пријавите можат да се извршат во туристичката агенција и во сите агенции овластени за продажба на овие програми. При пријавување на купувачот уплаќа аконтација од вредноста на аражманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 14 дена пред реализација на аражманот. При пријавувањето, патникот потпишува договор за патување со назнака: „Изјавувам дека сум запознат со програмата и Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам“, со што Општите услови стануваат правна обврска за организаторот и патникот.

  1. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 

Цените за сите патувања се објавени во соодветна валута во програмата. Секое барање за дополнителни услуги подразбира дополнителни плаќања. Организаторот го задржува правото за промена на цената на аражманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и други услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на два дела). При зголемување поголемо од 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска да ја надомести штетата.

  1. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација за време на издавањето на рекламниот материјал. Квалитетот на услугите е под надзор на локалните туристички организации, стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот не превзема одговорност за никаква усна или писмена информација која не е во согласност со описот на услугите во оваа програма.

  1. ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ПРАВО НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот на нереализираните услуги. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализација на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна 8 дена од денот на откажувањето.

  1. ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО 

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка на и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), според следната скала:

  • -за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5%
  • -за отказ од 29 до 22 дена пред патување 10%
  • -за отказ од 21 до 15 дена пред патување 20%
  • -за отказ од 14 до 08 дена пред патување 50%
  • -за отказ од 07 до 01 дена пред патување 90%
  • -ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%.

Во случај на отказ на веќе потврдената резервација, организаторот ќе наплати отказни трошоци во висина на уплатената аконтација. Доколку патникот го менува терминот на поагање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на предходно потврденото тргнување, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни трошоци во висина од 500 мкд. Доколку патникот се откажува од патувањето поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани ( болест или смрт во потесното семејство, елементарна непогода и сл.) , а врз основа на важечката потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала туку само реални трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот.

  1. ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО 

Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите, како и за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за поединечниот аранжман во програмата и одговара за евентуалното неизвршување на услугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговара според позитивните прописи и мегународните конвенции. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение на странската земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот не ги плаќа дополнителните трошоци.

8.ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ 

Патникот е обврзан да се грижи лично неговите документи и предмети да ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со претставникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на организаторот за направената штета. Патниците кои свесно го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат отстранети од аранжманот. Патникот е должен да поседува важечки пасош и да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува транзитно) е потребна виза, за таа навреме да се обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува.

  1. БАГАЖ 

Патникот има право на бесплатен превоз до 15 кг багаж на чартер летовите и 20 кг на редовните авионски линии. Кај автобускиот чартер превоз, е дозволен бесплатен багаж од една патна торба до 20кг по патник. За секој килограм односно патна торба преку дозволеното се плаќа во зависност од дестинацијата на патувањето. Децата до 2 години во авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобус немаат право на бесплатен багаж. Багажот се превезува на ризик на патникот, поради тоа препорачуваме осигурување на багажот во осигурителна компанија. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцености во хотелот (препорачуваме наем на сеф).

  1. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА 

Патникот е должен да се информира во надлежната здравствена институција и да ги почитува здраствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Препорачуваме од осигурителните компании да обезбедите меѓународно здравствено осигурување во случај на болест или незгода за време на престојот во странство.

  1. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ 

Доколку купувачот не договорил соба/апарман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект, опишан во каталогот и ценовникот. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и сл.) но не може да гарантира исполнување на таквото барање. Сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите до 10:00 часот, доколку во куќниот ред не е поинаку назначено.

  1. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ 

Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на сразмерно обештетување доколку приложи писмен приговор. Секој патник – носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договорот врз основа на еден приговор.

Постапка за поднесување на приговор: 

Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадекватната услуга кај претставникот на организаторот, а доколку го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите со добра намера за да се отстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја прифати дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата. 

Ако причината за рекламација не биде отстранета , патникот со претставникот составува писмен приговор(записник) 

Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот и ја приложува писмената потврда (записник) потпишан од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителните трошоци. Организаторот ке ги прими во процедура само потполно документарните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена. 

Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверката на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации кои во местото за одмор не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.

Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми.

Највисокиот надомест по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за идеална штета. 

  1. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ 

Во смисла на точка 13. од овие услови, купувачот на услугите од одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен со решението на организаторот, има право на побара дополнителна арбитража од страна на СКТМ или од страна на надлежниот суд.

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287