АТИНА 08.10.2021 – 11.10.2021
АТИНА 08.10.2021 – 11.10.2021
- ДЕН (08.10. Петок) СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање кон Грција во 19:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
- ДЕН (09.10. Сабота) АТИНА – АКРОПОЛ
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј… Сместување во хотел. Слободно време за индивидауални активности и прошетки. Ноќевање.
- ДЕН (10.10. Недела) АТИНА – КОРИНТ – АРГОЛИДА
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Враќање во Атина во вечерните часови. Можност за факултативна вечера во трандиционална тавенра на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
- ДЕН (11.10. Понеделник) АТИНА – СУНИОН – ПИРЕА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или организирана прошетка долж Аполоновиот брег на Атика. Панорамски разглед на летувалиштата: Глифада, Вули и Вулиагмени, со евентуална посета на најјужниот р’т Сунион на кој се наоѓаат остатоците од античкиот храм посветен на богот Посејдон. Во враќање, кратка посета на Пиреа – едно од најголемите пристаништа на Медитеранот, како и нејзините убави марини. Патувањето продолжува кон Македонија, со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје, во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕВРА
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи и посети на Атина и Атика
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
– Факултативен, целодневен излет на Пелопонез – Аголида – 30 €
– Факултативна вечера во таверна со уметничка програма – 40 €
– Влезници за музеите, археолошките локалитети и културно-историските споменици
– Туристичка такса (1,5 €) по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
– Патничко здраствено осигуривање
