БУКУРЕШТ(РОМАНИЈА) 08.10-11.10.2021

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Букурешт, Романија

Датум

08 октомври 2021 – 11 октомври 2021

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

БУКУРЕШТ(РОМАНИЈА) 08.10-11.10.2021

  1. ДЕН (08.10.2021 Петок) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ

    Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn”. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.

 

  1. ДЕН (09.10.2021 Сабота) БУКУРЕШТ

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото Музеј … Сместување во хотел. Вечерта  слобоно време за индивидуални активности и шопинг или, факултативна – вечера во традиционален ресторан. Ноќевање.

 

  1. ДЕН (10.10.2021 Недела) БУКУРЕШТ –  СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ

Појадок. Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар каде се наоѓа и познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел.  Ноќевање.

 

  1. ДЕН (11.10.2021 Понеделник) БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидулани активност .Напуштање на хотелот. Заминување во посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови.  Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕВРА

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Oрганизирани разгледи според програмата
– Сместување во хотел 3*** на база на 2 ноќевања со појадок
– Организација и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Вечера во национален ресторан (30 €)
– Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (25€)
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Туристичко патничко осигурување

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu