11 октомври во Истанбул

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Истанбул, Турција

Датум

07 октомври 2022 – 11 октомври 2022

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

ИСТАНБУЛ

,,Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзин главен град”’ –Наполеон Бонапарта

 

Истанбул е вториот најголем град во Европа и осмиот по големина во светот со 14 милиони жители. Ова е еден од најживописните градови на планетата, а многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“.

Од утро до мрак градот пулсира во еден своевиден организиран хаос, а реките од луѓе и автомобили никогаш не запираат. Секој нареден миг се воодушевувате од секој нов откриен агол на градот, заборавајќи на уморот од километрите поминати во пешачење низ тесните улички, живописните чаршии и тезги. Хоризонтот е исполнет до бесконечност со џамии и цркви, дворци и кули, кои векови наназад ја прераскажуваат историјата на оваа територија, судирите помеѓу христијанството и муслиманството, спојот на Европа и Азија.

Без разлика дали сакате да се качите на траект и да „скокнете“ во Азија, да се восхитувате на најновата современа уметност во арт-музеи или да ги видете зашеметувачките византиски мозаици, да прошетате низ векови старата чаршија.Истанбул вреди да се посети, и е место каде што буквално, истокот се сретнува со западот.

 

1 ден 07.10.2022 (Петок) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата и поаѓање од градовите:

-Кавадарци
-Неготино
-Велес
-Скопје

Ноќно патување со попатни паузи.

 

2 ден 08.10.2022 (Сабота) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во предпладневните часови. Хотелот се наоѓа во областа Лалели.
Локален водич го започнуваме пешачкиот разглед со движење преку Капали чаршија до посета на:

– Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки), а денес е познат како плоштад Султан Ахмет важно место за градот во текот на целата историја со своите различни ознаки од времето на византискиот, римскиот и осмалинскиот период,
– Можност за индивидуална посета на Сината Џамија (изградена од познатиот Мехмед Ага и единствената џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња),
– Можност за индивидуална посета на Аја Софија (најпрво црква на Светата мудрост градена во времето на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија потоа се прогласува за музеј и беше една од најпосетуваните атракции во Истанбул за денес претседателот Ердоган повторно да ја претвори во џамија),
-Палатата Топ Капи – музејот каде се наоѓа мечот на пророкот Мухамед и административен центар на Османлиската Империја во која турските султани живееле со векови и буквално представува град во град.
Слободни активности. Можност за шопинг во Капали Чаршија, покриената чаршија од 61 уличка и околу 4.000 продавници. Вечерта предлагаме Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasiсо 4Д проекција Ноќно крстарење по Босфорот придружено со ориентални танци вкусна храна, неограничени пиалоци и 3 часовно ориентално шоу

Ноќевање.

 

3 ден 09.10.2022. (Недела) ИСТАНБУЛ

Појадок.

– Панорамски разглед со локален водич на градот,
– Посета на Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат , возење покрај Златниот Рог и Железната црква како и посета на   фотографирање пред Галата Кула
– Кафе пауза на Таксим, најпознатиот плоштад во Истанбул,лоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува  традиционални кондиторски производи.
– Незаборавното крстарење по Босфорот,Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…
– факултативен разглед на прекрасната палата Долма Бахче со зелените паркови и раскошот кој го нуди и кој ќе ви остане во сеќавање,
– Слободни активности.

 

4 ден 10.10.2022 (Понеделник) ИСТАНБУЛ

Одјавување и посета ПЈЕР ЛОТИ и заливот ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас. Потоа се продолжува кон продавницата КОСКА доколку сакате да купите локум, баклава или традиционално слатко за дома. Потоа се продолжува во трговскиот центар FORUM во кој се наоѓа еден од најголемите подземни аквариуми Turkuazzoo. Во близина има Декатлон и Икеа.

Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

 

5 ден 11.10.2022 (Вторник МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во утринските часови.

 

Цена на аранжманот: 6,140 мкд. 10.09.2022. Празнична Промо Цена

Редовна Цена: 7400 мкд.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
  • 2 ноќевања со појадок во 3* во Истанбул;
  • посета на Хиподромот;
  • посета на Сината Џамија;
  • посета на Аја Софија;
  • посета на Капали чаршија;
  • посета на Таксим;
  • посета на Балат
  • посета на Гала Кула;
  • посета на Вселенската Патриаршија;
  • посета на Пјер Лоти и заливот Златен рог
  • посета Трговски центар Форум, Икеа, Декатлон;
  • пешачки разглед со локален водич;
  • професионален туристички придружник;
  • организација и реализација на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • панорамски разглед 15€ – задолжително;
  • крстарење со брод по Босфор – 20€;
  • посета на Долма Бахче Сарај(превоз влезница локален водич) – 30€
  • Традиционална турска вечера 3 часовно крстарење на брод со неограничени пијалоци -45 евра
  • посета на Топ Капи Палатата (влезница, локален водич) – 30€;
  • посета на Sapphire Seyir Terasiсо 4Д проекција (влезница и превоз) – 25€;
  • посета на Аквариумот Turkuazoo ( превоз , влезница) – 20€;
  • здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 ден

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е 40 патници;
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
  • Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
  • Уплата исклучиво во денари.
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

КУШАДАСИ – HOTEL ASENA ***

Menu