11 октомвриско патување во Истанбул
(08.10.2020-12.10.2020)
1 ден / 08.10.2020. четврток МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите:
- Куманово во 18:00
- Скопје во 17:15 ч.(Хотел Вип наспроти Саем)
- Велес во 16:45 ч.
- Неготино во 16:15 ч
- Кавадарци во 16:00 ч.
Се патува преку Р. Бугарија , Ноќно патување со попатни паузи.
2 ден / 09.10.2020 петок ИСТАНБУЛ
Пристигнување во предпладневните часови , сместување во хотел. Хотелот се наоѓа во областа Лалели, по сместувањето со локален водич го започнуваме пешачкиот разглед со движење преку Капали чаршија до посета на:
-Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки) а денес е познат како плоштад СултанАхмет важно место за градот во текот на целата историја со своите различни ознаки од времето на византискиот,римскиот и осмалинскиот период.
-Можност за индивидуална посета на Сината Џамија (изградена од познатиот Мехмед Ага и единствената џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња),
-Можност за индивидуална посета на Аја Софија ( најпрво црква на Светата мудрост градена во времето на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија потоа се прогласува за музеј и беше една од најпосетуваните атракции во Истанбул за денес претседателот Ердоган повторно да ја претвори во џамија),
-Посета со локален водич на Византиската подземна цистерна Базиличка цистерна која датира од 6 век од времето на Јустинијан I.
-Палатата Топ Капи – (музејот каде се наоѓа мечот на пророкот Мухамед и административен центар на Османлиската Империја во која турските султани живееле со векови и буквално представува град во град). слободни активности.можност за шопинг во Капали Чаршија,покриената чаршија од 61 уличка и околу 4.000 продавници.
Ноќевање.
3 ден / 10.10.2020. сабота ИСТАНБУЛ
После појадокот :
-Панорамски разглед со локален водич на градот.
-Посета на Вселенската Патриаршија ,возење покрај Златниот Рог.
-Кафе пауза на Таксим, најпознатиот плоштад во Истанбул .
-Незаборавното крстарење по Босфорот,
-факултативен разглед на прекрасната палата Долма Бахче со зелените паркови и раскошот кој го нуди и кој ќе ви остане во сеќавање)
-Факултативна посета на Miniaturk (овде може да ги видеме најпознатите градби на Турција во минијатурно издание , прекрасно место за добри фотографии) *Слободни активности.
-Факултативна вечера во турски национален ресторан со ориентални танци (Вечера организирана на брод, 3 часовно ноќно крстарење по Босворот придружено со традиционални танци ,вечера и неограничено алкохолни и безалкохолнои пијалоци)
Ноќевање.
4 ден / 11.10.2020. (вторник) ИСТАНБУЛ
Појадок и одјавување од хотелот.
За крај посета на трговскиот центар FORUM во кој се наоѓа еден од најголемите подземни аквариуми Turkuazzoo. Поаѓање за Македонија, ноќно возење преку Р Бугарија со попатни паузи.
5 ден / 12.10.2020 (среда) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во утринските часови.
Цена на аранжманот: 5.300 мкд. (за уплата до 20.09.2020). Редовна Цена: 6.130 мкд.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- – превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- – 2 ноќевања со појадок во 3*.во Истанбул
- – посета на Хиподромот;
- – посета на Сината Џамија
- -посета на Аја Софија
- – професионален туристички придружник;
- – организација и реализација на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- – панорамски разглед 10 € (задолжителна доплата за сите патници)
- – традиционална турска вечера на брод + трансвер + мени со неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци- 40 €
- – крстарење со брод по Босфор – 20 €;
- – посета на Долма Бахче Сарај(превоз | влезница | локален водич) – 25 €
- – посета на Подземната Византиска цистерна 15 €
- – посета на Топ Капи Палатата (влезница, локален водич) – 20€;
- – посета на Miniaturk (влезница,превоз, локален водич) – 10€;
- – посета на Аквариумот Turkuazoo превоз | влезница) – 20€;
- – здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200мкд.
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е 40 патници;
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари.
- * Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- Пополнетост на автобусот е максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19
