23ти ОКТОМВРИ ВО НОВИ САД

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Нови Сад, Србија

Датум

20.10.2023 – 24.10.2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

НОВИ САД, СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
со посета на  ТЕМИШВАР  и БЕЛГРАД 

Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград, значаен историски културен економски центар на Србија. Град кој не случајно ги носи двeте титули како Европска престолнина на младите во 2019 и Европска престолнина на културата за 2021.Тој плени со својата архитектура историја и позитивна енегија.  Нови Сад  се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора, познат по Петроварадинската тврдина.

 

Темишвар е град во Романија. Тој е најголем град во Банат. градот кој го нарекуваат „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт и целата архитектура и амбиентот потсетуваат на стариот дел на Виена. Во поновата историја пак градот е познат и по тоа што токму тука на 16. декември 1989 година започнале протестите кои и претходеле на Револуцијата, а подоцна и на падот на режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску.

 

Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт

 

Прв ден  20.10.2023 (Петок)

Поаѓање во 23:30 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

 

Втор ден 21.10.2023 (Сабота)

Пристигнување во Сремски Карловци кратка обиколка на  градот кој е познат по своето вино. Посета на Патријаршијата црквата св.Никола фонтаната Четири Лава  и Карловачката гимназија.

Потоа се продолжува кон Нови Сад – разгледување на градот со  локален водич. Посета на  Петро- Варадинската тврдина која се наоѓа на 120 хектари површина  со безброј подземни тунели чии темели се поставени во 17 век,а изградбата траела 88 години .Ремек дело на тврдината е  пијаниот часовник кој гордо стои на тврдината. Посетата продожува по улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква.  Слободно време . Смесување во хотел. Можност за факултативна вечера на Салаш.Ноќевање.

 

Трет ден 22.10.2023 (Недела)

Појадок.

Факултативен целодневен излет до Темишвар Романија. Пристигнување во Темишвар, организиран разглед на градот: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас .Слободно време за шопинг.

Враќање во Нови Сад. Пристигнување во вечерните часови.

Ноќевање.

 

Четврти ден 23.10.2023 (Понеделник)

Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање за  Белград, разглед на градот со  локален водич: храмот Св. Сава, плоштадите Теразије, Славија, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот. Можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

 

Петти ден 24.10.2023(Вторник)

Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.

 

Цена на аражманот:

За уплата до 15.09.2023 – 159 евра (9.900ден)

Редовна цена на аранжманот – 179 евра(10.900ден)

 

Во цената на аранжманот  е вклучено: 

– Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,
– 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Нови Сад,
– Пешачки разглед со локален водич на Сремски Карловци и Нови Сад,
– Пешачки разглед со локален водич на  Белград,
– Профисионален туристички придружник,
– Организација и реализација на патувањето,
– Туристичка такса.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Целодневен излет до Темишвар -Романија 30 евра(миниум 35 патници),
– Вечера на традиционален Салаш(дополнително цена),
– Крстарење по Дунав и Сава 15 евра,
– Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;

Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;

Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;

Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

Патувањето до Нови Сад може да се реализира и со лична карта пасошот е потребен за факултативната посета на Темишвар;

Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;

Уплата исклучиво во денари.

За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А Екстра Бус

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

КУШАДАСИ – EKIN HOTEL **

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287