23ти Октомври САРАЕВО

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Сараево, Босна и Херцеговина

Датум

20.10.2023 – 24.10.2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

САРАЕВО – МОСТАР – КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – БУНКЕРОТ НА ТИТО, ТУНЕЛ РАВНО СО ПОСЕТА НА ТЕРМАЛНА РИВИЕРА

Прв ден: 20.10.2023 (Петок ) Кавадарци – Сараево

Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

 

Втор ден: 21.10.2023 (Сабота) Сараево

Пристигнување во градот Вишеград. Го посетуваме симболот на градот мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот „Мостот на Дрина“ на Иво Андриќ.Воедно го посетуваме и ,,Андриќ Град” познат како камен град изграден по идеа на Емил Костурица во чест на Иво Андриќ.

Патувањето продолжува кон Сараево. Пристигнување во пладневните часови. Пешачки разглед на градот со локален водич и посета на : градската куќаЛатинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, катердалата Срце ХристовоСоборната црква Св. ТројцаГази Хусрефбегова и Царската џамијаБашчаршијамостовите….Смесување во хотел.

*Можност за факултативан посета на термална ревиера во хотел Хилс 5*.

Ноќевање.

 

Трет ден: 22.10.2023 (Недела ) Сараево – Бункер на Тито-Јабланица –Мостар – Сараево.

Појадок.

По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар. Посета на Бункерот – атомското скривалиште на Тито во Коњиц, а потoа се продолжува кон Јабланица со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат по битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Вклучена посета на: Стариот мостулицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн.

Во попладневните часови враќање кон Сараево. Ноќевање.

 

Четврти ден: 23.10.2023 (Понеделник ) Сараево- Босански Пирамиди – Дрвенград – Кавадарци

Појадок.

Напуштање на хотелот. Факултативна посета на местото Високо-каде се наоѓаат едни од најстарите пирамиди и енергетски полиња во светот – Босанските пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечинатана Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето, е најголемата пирамида во светот. Продолжуваме кон посета на тунелот Равно 1 во кој имаме околу еден час посета во внатрешноста на ископините кои се наоѓаат во подножјето на пиреамидите. Докажано е дека просториите под пирамидите имаат лековити моќи поради големото ниво на јонизација. По завршување на посетата се враќаме во хотел.

***Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотелот.

Заминување кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеа на Емир Кустурица. Посета на единствената музејска железница Шарганската Осмица.

Враќање кон Македонија со попатни паузи.

 

Петти ден: 24.10.2023 (Вторник )

Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ : 7.130 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Aвтобуски превоз на дадената релација;
-Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;
-Разгледување на Сараево со локален водич;
-Разглед на Андрич град, Дрвен град;
-Посета на железницата Шарганска осмица;
-Придружник на групата.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
-Посета на Термална ривиера Хотел Хилс 5* со везница и превоз –10евра(620.ден) (миниум 10 патници);
-Полудневен излет до Мостар и разглед + посета на Бункерот на Тито – 40 евра (минум 35 патници);
-Постета на Босански Пирамиди 25 евра (миниум 35 патници);
-Разглед и посета на Дрвенград (влез 1-3е се плаќа при влез);
-Туристичка такса 2 евра – се плаќа во агенција;
-Доплата за 1/1 соба е 2.200 ден.

 

НАПОМЕНИ:

  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници;
  • За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање;
  • Може да се патува и со лична карта.
  • ***Организиран превоз од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Екстра Бус и СКТМ.
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

НОВА ГОДИНА ВО СОЛУН 2022

ПРВОМАЈСКА АЛПСКА ПРИКАЗНА

1 мај

БУКУРЕШТ – Нова Година 

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287