8ми декември – Прага
Прага ( Карлови Вари – Пандорф – Виена)- 2НП Christmas Market
€139,00
Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО
1 ден: 07.12.2022 СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски , во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден: 08.12.2022 ПРАГА:
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден: 09.12.2022 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ:
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во попладневните часови . Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време за прошетки низ Прага. Ноќевање
4 ден: 10.12.2022 ПРАГА – ВИЕНА:
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан… Слободно време во Виена.Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
5 ден: 11.12.2022 СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 € / 8.620 ден
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага – Скопје
- 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
- Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
- Посета на Виена
- Организација и водство на програмата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително патничко здравствено осигурување 175 мкд
- Туристичка такса (се плаќа во агенција) – 250 мкд
- Разглед на Прага со локален водич – 15€
- Факултативна посета на Карлови Вари со локален водич– 35€
- Крстарење со брод по Влтава – 20 €
- Влезници за музеи и локалитети
- Доплата за еднокреветна соба 1550 ден
НАПОМЕНИ
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
