НОВА ГОДИНА ВО АЛБАНИЈА

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Драч, Албанија

Датум

30 декември 2021 – 01 јануар 2022

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

НОВА ГОДИНА ВО АЛБАНИЈА
ДРАЧ – КРУЈА – ТИРАНА – ЕЛБАСАН

1 ден 30.12.2021 (четврток) ШТИП – СКОПЈЕ – ДРАЧ

Состанок на групата во 05:30 часот.Поаѓање за Албанија во 06:00 часот со попатни паузи преку граничниот премин Струга – Ќафасан.По граничните формалности упатување кон Албанија. Пристигнување во Драч во пладневните часови.Сместување во хотел.Краток одмор.Организиран панорамски разглед на Драч.Можност за шопинг и индивидуални активности.Ноќевање

2 ден 31.12.2021 (петок) ДРАЧ – КРУЈА

Појадок.Факултативен разглед на Круја –градот замок,легендарното место на Скендер Бег.Посета на старото кале,историскиот музеј и стариот пазар на Круја каде можат да се купат рачно изработени сувенири. Краток одмор и слободно време за индивидуални активности.Поаѓање за Драч,со попатна посета на шопинг центар. Во попладневните часови враќање кон Драч.Припрема за ДОЧЕК НА НОВА 2022 ГОДИНА на некој од плоштадите во Драч.Ноќевање.

3 ден 01.01.2022 (сабота) ДРАЧ – ТИРАНА – ЕЛБАСАН – СКОПЈЕ – ШТИП

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Тирана. Панорамски разглед на градот – националниот историски музеј,плоштадот Скендербег,старата џамија – Аџи Елтем Беј,булеварот на националните херои… Можност за шопинг во познатиот шопинг центар ТОПТАНИ. Можност за прошетка и индивидуални активности.Потоа заминување за Македонија со попатна пауза во Елбасан. Пристигнување во Скопје / Штип во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.500 денари

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

-превоз со високо туристички автобус
-организација и водство на аранжманот
-разглед на Драч,Тирана и Елбасан
-сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

⦁ Факултативен разглед на Круја и посета на шопинг центар – 10 евра
⦁ Туристичка такса – 1 евро од ноќ од лице
⦁ Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА:

*Услови за влез во Р.Албанија се следните: Патниците треба да поседуваат :

⦁ Сертификат за вакцинација (Доказ за примена вакцина за Ковид 19, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели)
⦁ Негативен PCR тест не постар од 72 часа или
⦁ антиген тест не постар од 48 часа
⦁ Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu