АМСТЕРДАМ – 11 ОКТОМВРИ (АВИОН)

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Амстердам, Холандија

Датум

07 октомври 2022 – 10 октомври 2022

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

АМСТЕРДАМ – 11 ОКТОМВРИ (АВИОН)
(07.10 – 10.10.2022)

Ветерници,лалиња,кломпи,Хајнекен,Ајакс… се се тоа познати работи по кои надалеку се познати Амстердам и Холандија.И секако не само по тоа… Град кој го добил своето име по реката Амстел или можеби по истоименото најпознато пиво.
Лежи на повеќе од 150 канали кои се поврзани со околу 1300 мостови,па многу го споредуваат со Венеција. Каналите се заштитен знак на Амстердам и еден од причините зошто овој град го нарекуваат Северна Венеција.Многу посетители се зачудени од количината на вода во самиот град.

07.10.2022 СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 06.40 слетува во 09.35 часот. Организиран трансфер од Ајндховен до Амстердам. Средба со водичот и разглед на Амстердам (комбинирана тура –(пешачка + автобус):Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт.Планирана е посета на фабриката за дијаманти (прошетка низ работилницата и разглед на начинот и методите на обработката на дијамантите).После посетата можност за факултативно крстарење со брод по многубројните канали од каде на посебен начин можете да ја доловите и доживеете убавината на градот и неговата обоеност,особено во вечерните часови кога градот едноставно почнува да живее до раните утрински часови. Сместување во хотел.Ноќевање.

08.10.2022 АМСТЕРДАМ – ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА
Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА Сликовитото гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

09.10.2022 АМСТЕРДАМ – МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА
Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледаат: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење… Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. После враќањето во Амстердам,можност за индивидуални активности и прошетка низ градот.Ноќевање.

10.10.2022 АМСТЕРДАМ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 10.10 часот, пристигнување во Скопје во 12.50 часот на аеродромот во Скопје.

ЦЕНА за уплатa до 23 септември : 399 евра (24,740 денари)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 евра  (28,460 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје,
– Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см),
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам,
– Организиран разглед на Амстердам со локален водич,
– Сместување во Хотел 3* во Амстердам на база 3 ноќевања со појадок,
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– аеродромски такси 3.100 денари.
– Голема Холандска Екскурзија 80 евра (4.960 ден)
– Мала Холандска Екскурзија 60 евра (3.720 ден)
– Крстарење по каналите на Амстердам 15 евра (930 ден)
– Туристичка такса 9 евра (по 3 евра од ноќ)
– Вечерна прошетка по најпозната RED LIGHT DISTRICT – 10 евра
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
– Патничко – здравствено осигурување

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ТРЕБА ДА ИМА ПРИЈАВЕНО МИНИМУМ  15 ПАТНИЦИ !


НАПОМЕНИ:

– За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
– За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 15 патници
– За реализација на факултативите потребен минимум од 15 патници
– Резервација се прави со копија од пасош и авансна уплата од 30% (важи и за цената во предпродажба) од цената на аранжманот
– Пасошот треба да важи минимум 180 дена од завршување на патувањето
– Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu