Амстердам (Авион)

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Амстердам, Холандија

Датум

10 март – 13 март 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Амстердам (Авион)

Авионска програма

ПРИЈАВУВАЊЕ И УПЛАТА НА 30% ДО 31 ДЕКЕМВРИ

СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА : 419€  /  25.980 ден

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31 ЈАНУАРИ 2023 : 519€  /  32.180 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 559€  / 34.660 ден

Ветерници,лалиња,кломпи,Хајнекен,Ајакс… се се тоа познати работи по кои надалеку се познати Амстердам и Холандија.И секако не само по тоа… Град кој го добил своето име по реката Амстел или можеби по истоименото најпознато пиво.
Лежи на повеќе од 150 канали кои се поврзани со околу 1300 мостови,па многу го споредуваат со Венеција. Каналите се заштитен знак на Амстердам и еден од причините зошто овој град го нарекуваат Северна Венеција.Многу посетители се зачудени од количината на вода во самиот град.

1 ден

10.03.2023 СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11.00 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 13:10 и слетува во 16:05 часот. Организиран трансфер од Ајндховен до Амстердам. Пристигнување и сместување во хотел.Можност за факултативно вечерно крстарење со брод по многубројните канали од каде на посебен начин можете да ја доловите и доживеете убавината на градот и неговата обоеност, особено во вечерните часови кога градот едноставно почнува да живее до раните утрински часови… Враќање во хотел.Ноќевање.

 

2 ден

11.03.2023 АМСТЕРДАМ

Појадок.Средба со водичот и разглед на Амстердам (комбинирана тура –(пешачка + автобус): Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт.Планирана е посета на фабриката за дијаманти (прошетка низ работилницата и разглед на начинот и методите на обработката на дијамантите).Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Враќање во хотел.Ноќевање

 

3 ден

12.03.2023 АМСТЕРДАМ – ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА

Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

 

4 ден

13.03.2023 АМСТЕРДАМ – МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење… Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото Маркермер. Враќање во хотел.Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 17:40 часот, пристигнување во 20:15 часот на аеродромот во Скопје.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје,
  • Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см),
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам,
  • Организиран разглед на Амстердам со локален водич,
  • Сместување во Хотел 3* во Амстердам на база 3 ноќевања со појадок,
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Аеродромски такси 3.100 денари.
  • Голема Холандска Екскурзија 90 евра (5.580 ден)
  • Мала Холандска Екскурзија 70 евра (4.340 ден)
  • Крстарење по каналите на Амстердам 20 евра (1.240 ден)
  • Туристичка такса 15 евра (по 5 евра од ноќ)
  • Вечерна прошетка по најпозната RED LIGHT DISTRICT – 15 евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ТРЕБА ДА ИМА ПРИЈАВЕНО МИНИМУМ  15 ПАТНИЦИ !

 

НАПОМЕНА:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 20 патници
  • За реализација на факултативите потребен минимум од 20 патници
  • Резервација се прави со копија од пасош и авансна уплата од 30% (важи и за цената во предпродажба) од цената на аранжманот
  • Пасошот треба да важи минимум 180 дена од завршување на патувањето
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287