Амстердам (Авион) – октомври

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Амстердам, Холандија

Датум

08 октомври – 11 октомври 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Амстердам (Авион)

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.08 : 599 € (37.140 денари)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 649 €  / 40.240 ден 

!!! СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА !!!

 

Ветерници, лалиња, кломпи, Хајнекен, Ајакс… се се тоа познати работи по кои надалеку се познати Амстердам и Холандија. И секако не само по тоа… Град кој го добил своето име по реката Амстел или можеби по истоименото најпознато пиво.
Лежи на повеќе од 150 канали кои се поврзани со околу 1300 мостови,па многу го споредуваат со Венеција. Каналите се заштитен знак на Амстердам и еден од причините зошто овој град го нарекуваат Северна Венеција. Многу посетители се зачудени од количината на вода во самиот град.

 

1 ден

08.10.2023 СКОПЈЕ – АМСТЕРДАМ (Недела)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12.00 часот. Авионот за Ајндховен полетува во 14:10 и слетува во 17:05 часот. Организиран трансфер од Ајндховен до Амстердам. Пристигнување и сместување во хотел… Враќање во хотел. Ноќевање.

 

2 ден

09.10.2023 АМСТЕРДАМ (Понеделник)

Појадок. Средба со водичот и разглед на Амстердам (комбинирана тура –(пешачка + автобус): Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт. Планирана е посета на фабриката за дијаманти (прошетка низ работилницата и разглед на начинот и методите на обработката на дијамантите). Можност за факултативно вечерно крстарење со брод по многубројните канали од каде на посебен начин можете да ја доловите и доживеете убавината на градот и неговата обоеност, особено во вечерните часови кога градот едноставно почнува да живее до раните утрински часови. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден

10.10.2023 АМСТЕРДАМ – ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА (Вторник)

Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

 

4 ден

11.10.2023 АМСТЕРДАМ – МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА – СКОПЈЕ (Среда)

Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење… Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото Маркермер. Враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 17:15 часот, пристигнување во 19:50 часот на аеродромот во Скопје.

 

Во цената е вклучено:

  •  Авионски превоз на релација Скопје-Ајндховен-Скопје,
  •  Аеродромски такси;
  •  Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см),
  •  Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Амстердам,
    Организиран разглед на Амстердам со локален водич,
  •  Сместување во Хотел 3* во Амстердам на база 3 ноќевања со појадок,
  •  Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

Во цената не е вклучено:

  •  Голема Холандска Екскурзија 90 евра (5.580 ден)
  •  Мала Холандска Екскурзија 70 евра (4.340 ден)
  •  Крстарење по каналите на Амстердам 20 евра (1.240 ден)
  •  Туристичка такса 15 евра (по 5 евра од ноќ)
  •  Вечерна прошетка по најпозната RED LIGHT DISTRICT – 15 евра
  •  Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  •  Патничко – здравствено осигурување

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ТРЕБА ДА ИМА ПРИЈАВЕНО МИНИМУМ  15 ПАТНИЦИ!

 

НАПОМЕНА:

  • Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на ЕКСТРА БУС.
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287