Атина – 23ти Октомври

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Атина, Грција

Датум

20.10.2023 – 23.10.2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Атина – 23ти Октомври

Атина е град којшто ги има поминато сите фази на општествено уредување. Од робовладетелство, преку капитализам, социјализам, комунизам, феудализам до демократија. Атина сама по себе е една од најпосетуваните дестинации. Годишно ја посетваат 17 милиони, па со самото тоа ни е јасно зашто Грција никогаш не банкротира. Атина е всушност водечкиот град на Грција. Денес во Атина владее свет со ултрамодерна, урбанистичка и архитектонска смела линија во полн сјај со класична и неповторлива убавина.
Атина е приказна која трае….

План и програма

ПРВ ДЕН (20.10.2023) ПЕТОК

Состанок на групата во 20:30 часот пред Хотел Русија. Поаѓање во 21:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

 

ВТОР ДЕН (21.10.2023) САБОТА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол.
Заминување кон Глифада.
Смествање во хотел. Слободно попладне.
Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.

 

ТРЕТ ДЕН (22.10.2023) НЕДЕЛА

Атина-Корнит-Пелопонез

Појадок.
Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон).
Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна.
Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада.

Ноќевање.

 

ЧЕТВРТИ ДЕН (23.10.2023) ПОНЕДЕЛНИК

Појадок.

Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон.
Слободно време и заминување кон Македонија.
Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ   129 евра  /  8000 денари

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Глифада
  • Организиран разглед на градот со локален водич
  • Организација и водство на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 45е
  • Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е
  • Туристичка такса 1,5е по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
  • Влезници за посета на локалитетите со водич (Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е)
  • Патничко осигурување

Важно

  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За еднокреветна соба цената изнесува 159 евра
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 79e
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Hotel Sithonia Village ***

hotel

11 ОКТОМВРИ БОСНА и ХЕРЦЕГОВИНА

КУШАДАСИ – OMER HOLIDAY RESORT *****

Menu