Азурен брег (Авион)

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Азурен брег

Датум

20 февруари – 24 февруари 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Азурен брег (Авион)

Авионска програма

5 дена /4 ноќи 

Цена за уплата до 20 Јануари – 459  (28.460 ден)

20.02.2023 (понеделник) КАВАДАРЦИ – ШТИП – СКОПЈЕ – СОФИЈА
Поаѓање од Кавадарци во 10:30.Поаѓање од Штип во 12:00 часот.Поаѓање од Скопје пред Хотел ВИП во 13:00 часот кон аеродромот во Софија. Пристигнување во Софија во 17:00 часот по локално време. Лет од Софија во 19:25 часот. Пристигнување во Ница во 20:55 часот. Трансфер од аеродромот во Ница до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

21.02.2023(вторник)НИЦА
Појадок.Панорамски (пешачки) разглед на Ница со локален водич .Запознавање со Ница – кралицата на Азурната обала,препознатлива по познатите хотели,прекрасните палати,казината и долгите плажи): стариот град,најатрактивниот пазар на цвеќињата,најголемиот плоштад во Масена и шеталиштето Променаде Де-Англ (прочуеното Англиско шеталиште, долго 5 км, место на кое Ница му должи за својата слава и популарност.Оваа феноменална препознатлива авенија го зафаќа целиот залив на Ница. Авенијата ја изградил англичанец, Луис Веј, кој сам ја финансирал изградбата во 1820 година.Населението во Ница оваа улица ја нарекувале Приморска улица,за потоа англискиот војвода,синот на кралицата Викторија да ја промовира како Англиско шеталиште).Најпознатата градба на шеталиштето е Гранд Хотел Негреско 5* изграден во 1912 година. Разглед на Плоштадот Масена (од каде започнуваат сите големи булевари,кој многу потсетува на северноиталијанските градови и каде се одржува карневал), Градската куќа (Hotel de Ville)… Слободно време за индивидуални активности. Откријте и сами зошто овој град е толку посетуван и секогаш магнетски привлекува безбројтуристи. Ноќевање.

22.02.2023 (среда) НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – МЕНТОН –  НИЦА
Појадок.Слободен ден за индивидуални активности и прошетки или предлагаме факултативна посета со железница на Монако – втората најмала независна држава после Ватикан, кој се наоѓа на брегот на Средоземното Море со вкупна површина од само 2 квадратни километри и претставува уставна монархијаикнежевство.
Монако е името на државата и на единствениот град во државата.Бидете дел од оваа луксузна бајка,прошетајте низ самата патека каде што се одржува најпознатата трка Формула 1 за Гран При.Можност да ја видете Палатата на принцот на Монако и официјалната резиденција на монархот,Музејот Наполеон,Катедралата на Монако, казиното..Посета на Монте Карло – омиленото место на многу славни ликови.Претставува административна област на Кнежевството Монако.Овој град е домаќин на најголемотот европско финале во покер, бројни боксерки мечеви и многубројни модни гламурозни случувања.Можност за посета на океанографскиот институт,кралската палата,градското собрание и стариот град.А за оние што сакаат возбудливост,адреналин и ризик – можност барем еднаш да влезете во најпознатото казино во светот – Казиното Монте Карло. Слободно време за индивидуални активности прошетки и шопинг.Упатување кон Ментон – француски град кој лежи мирно на источната француска ривиера и се наоѓа на границата со Италија, на осум километри од Монако. Многу дрвја со лимони и тропски градини се обележје на овој живописен град на Азурниот брег. Главна атракција во Ментон е фестивалот на лимони. Овој исклучителен настан опфаќа низа изложби и паради со фантастични креации од лимон, а најспектакуларните прикази можат да се видат во градината Бјувез. Овој фестивал го посетуваат околу 200.000 луѓе од целиот свет. Враќање со железница во договореното време во хотелот.Ноќевање.

23.02.2023 (четврток) НИЦА – АНТИБ – КАН – НИЦА
Појадок.Факултативна посета со железница на Антиб и КанАнтиб – прошетка низ градот кој претставува бисер на Медитеранот и едно од најстарите утврдувања на Азурната обала.Во градот доминира тврдината Fort Kare во чие подножје се наоѓа познатата ексклузивна марина. Овде се наоѓа и музеј со една од најдобрите колекции на Пабло Пикасо.
Продолжуваме кон Кан – прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон,Мартинез, Мажестик,Филмската палата,Марината. Посета на стариот дел на градот,тврдината и црквата Notre Dame De Esperance.Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел.  Ноќевање.

24.02.2023 (петок) НИЦА – СОФИЈА – СКОПЈЕ – ШТИП
Појадок.
Слободно време за прошетка,шопинг и индивидуални активности. Во договореното време.Трансфер од хотел до аеродромот во Ница.Лет за Софија во 21:55 часот. Пристигнување во Софија во 00:40 часот (наредниот ден) 25.02.2023 (сабота).Превоз од аеродромот во Софија до Македонија.Пристигнување до Скопје во раните утрински часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на наведената релација Софија – Ница – Софија со WizzAir
– трансфер со автобус / минибус на релација Скопје – Софија – Скопје
– Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 см
– Трансфер од аеродром Ница до хотел во Ница со 3* и обратно;
– Сместување во хотел 3* на база 4 ноќевања со појадок во Ница;
– Организиран разглед во Ница со локален водич;
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси по лице се 2.480 денари
– Факултативна посета на Антиб и Кан со локален водич – 70 €
– Факултативна посета на Монако и Монте Карло и Ментон со локален водич – 80 €
– Туристичка такса во  Ница – 4 евра од ноќ по лице
– Влезница за Казино “Монте Карло” – 17 евра
– Влезници за локалитети
– Патничко осигурување
– Сите неспоменати трошоци

НАПОМЕНИ:

* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62,00мкд.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

ВЕЛИГДЕН ВО СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287