БАЛАТОН-ИДИЛИЧНО ОСВЕЖУВАЊЕ НА УНГАРСКОТО „МОРЕ“

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Унгарија

Датум

13 јуни – 18 јуни 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / info@ekstrabus.com

БАЛАТОНИДИЛИЧНО ОСВЕЖУВАЊЕ НА УНГАРСКОТО „МОРЕ“
Шиофок-Тихањ-Кесзтхели-Хевиз-Сексард

 

Ве водиме во земјата на смирениот вулкан, во престолнината на лавандата… Ве водиме на најголемото езеро во средна Европа каде Бетовен ја напишал „Месечева соната“ и на најголемото природно термално езеро во светот… Ве водиме на патување низ помалку познатата страна на Унгарија!

 

Прв ден: 13.06.2023 (вторник)

20:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 21:30 часот од Скопје кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце. Ноќно патување со попатни паузи.

Втор ден: 14.06.2023 (среда)

Пристигнување во утринските часови на најсеверниот дел од Бачка, во Суботица, а од таму се упатуваме кон границата со Унгарија преку граничниот премин  Келебија. Патувањето продолжува кон Балатон, најголемото езеро во средна Европа. Пристигнување во Шиофок, градот кој го нарекуваат летна престолнина на Унгарија. Сместување на групата во хотел „Lido“ 3*** ( http://siofok-hotel.com/ ) кој се наоѓа на најубавото шеталиште во градот, на самиот  брег на езерото. Хотелот има сопствена плажа и е оддалечен само 500 метри од центарот на градот. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Ноќевање.

Трети ден: 15.06.2023 (четврток)

Појадок. Заминуваме кон полуостровот Тихањ кој се наоѓа на северната страна на езерото Балатон. Полуостровот е особено интересен бидејќи тука многу одамна имало активен вулкан, а истоимениот град е сместен на врвот на полуостровот од каде се простира прекрасна панорама на тиркизната езерска долина. Организирана прошетка низ ова шармантно гратче со одлично сочувани традиционални куќи-денес адаптирани во ресторани и кафетерии и со прекрасно уредени дворови во кои успева лавандата. Всушност, кога ќе се спомене полуостровот Тихањ на многумина прва асоцијација им е лавандата која овде е засадена во далечната 1920 година со првата садница донесена од Франција. Популарноста на лавандата од тогаш до денес постојано се зголемува што придонело пред 19 години да започне манифестацијата Фестивал на лавандата која се одржува во втората половина од месец јуни. Уште еден бисер на полуостровот привлекува туристи од целиот свет-Бенедиктинската Опатија која во 1055 година ја основал унгарскиот крал Андреј Први. Организиран разглед на црквата и на музејот во кој се наоѓаат уметнички дела од непроценлива вредност: слики, дрвени скулптури и дрвени олтари. Кралот е погребан во оваа црква, па така Тихањ е единствено место каде гробот на еден крал од династијата Arpadovic  до денес е сочуван. Потоа слободно време за индивидуални прошетки низ градот кој изобилува со сувенири и со локални специјалитети од кои најпопуларен е сладоледот од лаванда. Во попладневните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

Четврти ден:16.06.2023 (петок)

Појадок. Организирано заминуваме кон Кесзтхели, најстариот град во областа Балатон кој ќе не` врати во 19. и 20. Век. Бајковитите градби на фамилијата Festetics и преубавите плоштади го сочинуваат културното богатство на најубавиот град на езерото Балатон. По организираниот разглед продолжуваме кон најголемото биолошки активно термално езеро на светот-Хевиз. Езерото се наоѓа на кратерот на изгасениот вулкан и се напојува од активни извори богати со минерали. Според некои проценки, на секои неколку секунди извираат нови 410 литри вода што овозможува на секои три дена водата во езерото целосно да се менува. Температурата на водата никогаш не се намалува под 24 степени дури и во текот на зимата, а за време на летото се движи од 33-35 степени C. Водата во езерото содржи магнезиум, сулфур, радон и калциум кои лековито делуваат на целиот организам, а важна улога во уникатноста на езерото има и микроклимата на ова подрачје-ветерот е ретка појава па над езерото секогаш се задржува облак пареа кој воедно ја штити топлината на водата. Целиот простор е опкружен со 60 хектари бујна вегетација па тука можат да се видат лилјани, индиски лотос, гинко билоба, јапонска магнолија… Посебна атракција на езерото се водените лилјани со прекрасни цветови. Слободно време за релаксација и уживање во лековитата вода и во природното опкружување на езерото. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Петти ден:17.06.2023 (сабота)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и за плажа. Ноќевање.

Шести ден:18.06.2023 (недела)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Попатна посета на Сексард- градот на медот и виното, сместен меѓу пространите лозови насади. Организиран разглед на стариот историски центар на градот, а во слободното време ќе можеме да се насладуваме на вкусните традиционални производи- медењаците и сладоледот. Во договореното време го продолжуваме патувањето кон Македонија. Пристигнување на 19.06  во претпладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………329 евра (20
.40
0 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус
  • Четири ноќевања со појадок во хотел „Lido“ 3***
  • Билет за траект за полуостровот Тихањ
  • Влезница во музејот на Бенедиктинската Опатија
  • Влезница за термалното езеро Хевиз
  • Лиценциран туристички водич за време на сите разгледи
  • Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба – 80 евра (за сите четири вечери)
  • Доплата за туристичка такса – 6 евра по лице за сите четири вечери (се плаќа во агенцијата)
  • Користење на клима во хотелските соби – 10 евра по соба од ден (доколку се користи се плаќа во хотелот)

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287