Банско скијање 2020

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Банско, Бугарија

Датум

09.01.2020 – 14.01.2020

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Скијање во Банско, Бугарија

Банско е атрактивен во сите сезони. Обезбедува одлични ски и сноуборд патеки и најдолга ски сезона за разлика од сите останати бугарски ски-центри. Ски сезоната во Банско трае од 15 декември – 15 Мај. Има уникатна историја и архитектура на стариот и новиот дел на градот. Како и голем број на дискотеки, пабови и “Механи” кој нудат одлична забава, Благодарение на овие карактеристики Банско е омилена ски и сноуборд дестинација за сите возрасти.

Ски-центар Банско е најдобар зимски центар во Бугарија со најдолги скијачки патеки и најбогатa културна историја. Банско се наоѓа во подножјето на Пирин планина во југо-западна Бугарија, на 160 километри од Софија. Нуди одлични услови за скијање и сноубординг .

Многу хотели со различни стандарди и цени се достапни за сечии вкус. Банско нуди стотици барови и традиционални ресторани наречени “механа” . Банско е планинско одморалиште и е одличен избор за вашиот ски и сноуборд зимски одмор. Вечерните часови може да уживате во некој од познатите пабови и барови.

1 ден (09.01.2020) СКОПЈЕ – БАНСКО

Тргнување од пред спортскиот центар Борис Трајковски во утринските часови. Се упатуваме кон Р. Бугарија преку граничниот премин Деве Баир до нашата крајна дестинација – Банско, со попатни паузи предвидени за одмор и редовни гранични контроли. Пристигнување во Банско во пладневните часови. Сместување во хотелот во попладневните часови (после 14 часот) и време предвидено за одмор и релаксација од патувањето. Вечера. Ноќевање.

2 ден – 6 ден (10.01-14.01.2020) БАНСКО – СКОПЈЕ

Престој во еден од најубавите Бугарски ски центри кој ги нуди најактуелните зимски спортови, ресторани, барови и секако релаксирачки услуги кои ги нуди самиот хотел, внатрешен и надворешен базен, џакузи, финска сауна, парна бања, турска бања, фитнес… Можност за развој на Вашите ски и фитнес вештини потпомогнати од професионален ски и фитнес инструктор и секако збогатување на Вашиот англиски јазик преку “Fun and interactiveconversation classes in English” програмата, со стручен професор по англиски јазик.

Заминување од Банско последниот ден (14.01.2020) во попладневните часови и се упатуваме кон Скопје. Пристигнување во вечерните часови (*во зависност од условите на патот и поголемите гранични задржувања) на паркингот пред спортскиот центар Борис Трајквски.

ПРОМО ЦЕНА: 195 евра

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • 5 ноќевања во хотел Панорама 4****, на база на појадок и вечера
  • Комплетна организација и пратител на патувањето
  • Превоз со високо модерен туристички автобус (клима, ТВ, видео)
  • Користење на СПА центар (базен, сауна ,парна бања, бежичен интернет)
  • Туристичка такса – 1 евро на ден

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Факултативни излети
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

БАНСКО: Хотел „Мountain Paradise 4*

Банско

Grand Hotel Bansko 4* – СПА хотел на годината

Банско

БАНСКО: Хотел „Grand Royale“ 4*

Банско

БАНСКО: Хотел „Мaria Antoaneta Residence“ 3*

Банско
Menu