Белград – Манастир Тумане и Голубачка тврдина

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Белград, Србија

Датум

24 март – 26 март 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Белград со посета на Манастир Тумане и Голубачка тврдина

1.ДЕН 24.03.2023 –Се поаѓа во 23:00 часот од Кавадарци . Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Влез во Србија преку граничен премин Табановце.

2.ДЕН 25.03.2023Пристигнување во раните утрински часови во Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица. Од 08 часот започнува литургијата, после тоа од 09 часот манастирот е отворен за молитви за посетителите. Во договорено време со водичот се упатуваме кон Голубац град каде се посетува Голубачката тврдинаГолубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335 година. Од повисокиот дел и бројните кули на оваа тврдина се протега поглед кон територијата на Романија и кон широкото корито на реката Дунав. По посетите се поаѓа за БЕЛГРАД. По пристигнување правиме посета на храмот св.СаваКалемегдан – Белградската тврдина како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова.. Сместување во хотел во пладневните часови. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Вечерта можност за организирана вечера во ресторан на Скадарлија со жива музика. Ноќевање.

3.ДЕН 26.03.2023 –Појадок.Одјавување од хотелот. Факултативно крстарење по ДУНАВ и САВА чија глетка ги воодушевува туристите. После крстарењето се упатуваме према трговски центар УШЧЕ. Слободно време за шопинг, кафе и ручек. Во пладневните часови се поаѓа за Македонија преку граничен премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Кавадарци во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5,200 денари

 

Во цената е вклучено:

* Превоз на наведената релација со високотуристички автобус

* 1 ноќевање со појадок во ХОТЕЛ 3* во БЕЛГРАД

* Пратител на групата за време на целото патување

 

Во цената не е вклучено:

* Влезница во Голубачка тврдина со локален водич и презентација – 10еу

(пријавување со резервацијата во агенцијата)

* Патничко осигурување 100ден

* Туристичка такса 1,5 еу по лице – задолжително се плаќа во автобус

 

*ФАКУЛТАТИВНО КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ И САВА –15 еу

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници;
  • За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање;
  • Може да се патува исо лична карта.
  • ***Организиран превоз од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Екстра Бус и СКТМ.
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287