BLUE DREAMS RESORT
BLUE DREAMS RESORT
https://bluedreamsresort.com/en/
Цена: од 78.50 евра за двајца возрасни од вечер
Опис на хотелот:
Локација: Хотелот се наоѓа во областа Акјалрар, 22км од центарот на Бодрум и 59км од аеродромот во Бодрум.
Сместување: Вкупниот број на соби е 88 распоредени во две згради. Сите соби се опремени со клима уред, сателитска ТВ, тоалет со туш кабина, фен, мини бар (со вода), сеф (со доплата), WI FI (со доплата), балкон/тераса.Типови на соби: стандардни соби (30м²), макс. 3 лица, фамилијарни соби со 2 соби (40м²), макс. 4 лица, фамилијарни соби со 3 соби (40м²), макс. 5 лица и соба за лица со посебни потреби.
Хотелски содржини: Главен ресторан со шведска маса, 2 а ла карт ресторани (турски и рибен) бесплатно еднаш неделно со резервација. Кафе бар, бар покрај базен и уште 2 бара. 2 надворешни базени, 4 тобогани, детско игралиште, детски базен, детски клуб 04-12г. Сауна, турска бања, дискотека, аеробик, фитнес сала, парна бања, аква аеробик, пикадо, одбојка на плажа, пинг понг, кошарка, анимации, мини фудбал. Со доплата: нуркање, билијард, спортови на вода, масажа и третмани во спа центарот, бебиситер, перење и пеглање, хемиско чистење, фризер, продавници и доктор.
Услуга: All inclusive (се вклучено) концепт према правилата на хотелот: појадок, ручек и вечера. Ужинка и кафе, чај, колачи на одредени места низ хотелот и во одредено време. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 23:00 часот.
Плажа: 50м од песочна плажа со ситни камчиња, плажата е преку улица и хотелот е поврзан со подземен премин. Лежалките и чадорите се бесплатни, пешкири се добиваат со депозит.
– ГРАТИС: сместување на едно дете до 12 години.
Одберете го Вашиот термин и побарајте понуда на 043 420-020, 072/230-200 или booking@ekstrabus.com.
