Будимпешта – 8ми Март

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Будимпешта, Унгарија

Датум

07.03.2024-11.03.2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Будимпешта  – Естергом ВишеградСент Андреа

Прв ден: 07.03.2024 (Четврток ) Кавадарци – Будимпешта.         

Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Втор ден: 08.03.2024 (Петок)Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел…Ноќевање.

Трет ден: 09.03.2024 (Сабота) Будимпешта  – Естергом – Вишеград-Сент Андреа

По појадокот Ве водиме на целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта. Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти ден: 10.03.2024 (Недела)Будимешта-Македонија

По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта.Потоа следува посета на трговски шопинг центар. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Петти ден: 11.03.2024 (Понеделник)

Пристигнување во Кавадарци во утринските часови.

  • 140 евра (8,680ден.) за уплата до 31.12.2023

  • 159 евра (9,860ден.) за уплата до 31.01.2024

  • Редовна цена: 169евра (10.480 ден.)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 250денари;
  • Крстарење по Дунав 20€;
  • Посета на Сент Андреа, Естергом и Вишеград 30€;
  • Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 10€;
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости;
  • Доплата за еднокреветна соба 200 денари.

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по завршување на патувањето.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување,
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

ПРВИ МАЈ ВО ИСТРА 2023

1 мај

Колавери Ресорт – Голем Драч

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287