Будва 24 мај

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Будва, Црна Гора

Датум

21 мај – 24 мај 2021

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / info@ekstrabus.com

БУДВА-КОТОР -ОСТРОГ-ДАЈБАБЕ
( 2 НОЌЕВАЊА И ПРЕВОЗ)

21.05.2021 (петок)

Состанок на групата во 22.00 часот пред агенцијa Супер Травел и поаѓање за Црна Гора преку Косово и Албанија.

22.05.2021 (сабота)

Пристигнување во утринските часови и разглед на св.Стефан ,Будва. сместување во вилите. Попладневна  прошетка до стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите св.Иван,св.Марија,Катедралата итн. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Ноќевање.

23.05.2021 (недела)

Во 10.00 часот Факултативен полудневен излет до Котор.

Разглед на  стариот дел на Котор.Катедралата на СвТрифун,Столбот на Страмот,  враќање во Будва.Ноќевање.

24.05.2021 (понеделник)

Напуштање на апартманите и се упатуваме кон Манастирот Василие Острошки. Мнастирот Василие Острошки, кој е сместен во карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и манастир на Балканот.Основан од Василије во 17 век и се верува дека моштите на Св.Василије Острошки се чудотворни и се наоѓаат во Горниот Манастир.Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. По посетата на манстирот се упатуваме кон Подгорица .Посетуваме уште еден посебен манасти ,манастирот Дајбабе .Симбол за уникатност на овој манастир покрај мирот и прекрасната природа е тоа што манастирот е сместен под земја.Манастирската црква е посветена на Успение на Пресвета Богородица.Единствениот видлив дел на црквата надвор од пештерата е широкиот влез со две прекрасни камбанарии.Манастирот е изграден во 1897 год од страна на пастор Петко.

Последна дестинација е посета на трговскиот центар Делта сити  и во вечерните часови се упатуваме кон Македонија.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.900 денари

Во цената е вклучено:

-превоз со високотуристички автобус;
-2 ноќевања  во Будва во студија;
-посета на  Будва, Острошкиот Манастир и Манастирот Дајбабе;
-организација и реализација на патувањето.

Во цената не е вклучено:

-патничко осигурување;
-такса и превоз од долниот до горниот манастир  3 евра;
-посета на Котор 10 евра.

За реализација на програмата  и факултативите потребни се минимум од 35 патника.

За овој аранжман важат општите услови на Т.А.ЕКСТРА БУС.

ЗА ОВА ПАТУВАЊЕ НЕ Е ПОТРЕБЕН PCR ТЕСТ  ЗА COVID-19
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu