Новогодишна забава во Будва
Новогодишна забава во Будва
Gibonni i Lepa Brena
Будва- Тиват – Порто Монтенегро-Котор -Цетиње
Ние сме подготвени за новогодишна ноќ која долго ќе се памети, прашањето е дали и Вие?
Дочекот на Новата 2022 година нека биде поинаков! Сигурно сте слушнале за Будва, наречена и „Мајами на Црна Гора“, место со жив ноќен живот и многу плажи.Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара
1 ден 30.12.2021(четврток)
Поаѓање од пред агенција во 21.30 часот за Будва.
2 ден 31.12.2021(петок)
Пристигнување во Будва во утринските часови, посета на Св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје. Сместување во апартманите. Потоа прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија… Слободно попладне. Дочек на Новата 2022 година на плоштадот каде свој настап ќе има Gibonni. Ноќевање.
3 ден 01.01.2022(сабота)
Факултативен излет до Котор,Тиват, Порто Монтенегро. Разгледување на стариот дел на Котор – Катедралата на св. Трипун, Столбот на срамот… Посета на Тиват со најлуксузното пристаниште Порто Монтенегро. Враќање во Будва. Забавата продолжува повторно на плоштадот придружувана од Лепа Брена. Ноќевање.
4 ден 02.01.2022(недела)
Напуштање на апартманите во 10 часот.Излет до Цетиње – старата престолнина на Црна Гора. Посета на Цетински Манастир каде се наоѓаат моштите на Петар Цетински. Слободно време. Поаѓање за Македонија во попладневните часови, ноќно возење со попатни паузи.
5ден 03.01.2022(понеделни)
Пристигнување во Македонија во ноќните или раните утрински часови.
Цена на аранжманот за уплата до 30.11.21 – 4.200 денари
Редовна цена на аранжманот – 4.800 денари
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз на дадената релација;
– 2 ноќевања во студија и апартмани во Будва;
– Посета на Цетиње;
– Организација и придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
– патничко здравствено осигурување – без франшиза – (200 ден);
– целодневен излет до Тиват, Порто Монтенегро и Котор – 10 евра (миниум 25 патници);
– влезници за културно историските споменици;
– туристичка такса 1 евро за Цетиње .
НАПОМЕНА:
-Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
-За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници;
-За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање;
-Може да се патува со лична карта.
***Организиран превоз од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО Црна Гора
Ве информираме дека при влез во Црна Гора според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:
* Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас, или
* Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете со вас, или
* Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете со вас.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
Негативен резултат од брз Тест за Антигеннаправен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележанCOVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќетреба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.
