1 ДЕН 29.12.2018 – САБОТА
Поаѓање во вечерните часови. Патот не води преку Косово и Албанија. Ноќно возење.
2 ДЕН 30.12.2018 – НЕДЕЛА
Пристигнување во Будва во предпладневните часови. Сместување во апартмани. Moжност за факултативна посета на прекрасниот Дубровник. Покрај модерната архитектура, големите булевари и плоштади во Дубровник се зачувани и голем број на историски вредни градби. Вечерта организирана забава во еден од познатите клубови во Будва. Ноќевање.
3 ДЕН 31.12.2018 – ПОНЕДЕЛНИК
Слободно време и подготовка за Новогодишната вечер. Вечерта организиран Дочек на Новата 2019 година во еден од познатите клубови. Ноќевање.
4 ДЕН 01.01.2019. – ВТОРНИК
Напуштање на апартманите. Слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, бројните кафулиња и ресторани. Поаѓање за Скопје.
Опис на сместувањето:
Сместување | Услуга | 1/2 | 1/3 | 1/4 |
Вила АНИТА | Превоз + сместување | 69€ | 59 € | 59€ |
Вила ТУЛИП | Превоз + сместување | 69€ | 59 € | 59€ |
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Вилата Анита се наоѓа на 250 метри од Словенска плажа со одлична локација во градот. Сите соби имаат ТВ, клима, сопствен тоалет и тераса. Двокреветните соби имаат фрижидер, а трокреветните и четворокреветните поседуваат мини кујна.
ВИЛА ТУЛИП поседува одлична локација во Будва што ја прави супер избор за сите оние кои сакаат да уживаат во убавините на градот. Оддалечена е само 350 метри од централното подрачје каде се сместени голем број на ресторани, кафулиња и хотели, а на само 500 метри од големата Словенска плажа која со пријатната медитеранска клима знае да придонесе за одлично уживање и во зимските месеци.
Вилата поседува двокреветни и трокреветни соби кои се опремени со мини кујна.
Комплетна организација со водич на патувањето;
2 ноќевања- Вила Анита или вила Тулип во Будва;
Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео);
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативни излети;
Патничко и здравствено осигурување;
Задолжителна туристичка такса кон општината – 1 евро по ноќ;
За сопствен превоз се одбива 10 евра од аранжманот;
За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А. ЕКСТРА БУС
