8-ми Март во Бурса

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Бурса, Турција

Датум

03 март – 07 март 2022

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Бурса – Ескишехир
(Турска Венеција)

Бурса се наоѓа во северозападниот дел на Анадолија на падините на планината Улудаг висока околу 2.500 метри во јужниот дел на Мраморскиот регион. Градот е најпознат по текстилот. Во минатото градот бил центар на производството на свила. Денес најпозната знаменитост поврзана со свилата е „Каза Ан“, кој од 1490 година е центар на трговијата со свила. Зградата располага со 95 соби. На горниот кат може да се купи речиси сè – од свилени марами до постелнина и облека со традиционалните турски мотиви. Денеска, во градот се одржува Саем на меѓународниот текстил. Освен автомобилска и текстилна индустрија, градот е познат и по производство на млечни производи, преработена хранаи пијалаци.

 

1 ден 03.03.2022 (четврток ) Скопје-Кавадарци- Бурса

Тргнување на групата во 15.00 часот. Патувањето се одвива преку Грција со нoќно возење и царински формалности.

 

2 ден 04.03.2022 (петок) Бурса

Пристигнување во  Бурса во утринските часови..
Панорамски разглед на Бурса и првиот главен град на Отоманската империја. Разглед на градот – познатата Ули Џамиja со дваесет блескави мали куполи и извонредна фонтана во внатрешноста, Зелената џамија, градскиот парк, ѕидините на тврдината и панорамскиот локалитет со гробниците на првите отомански владетели – Осман и Орхан бег. Прошетка по мостот Ирганди, посета на продавниците  со типични ориентални производи и сувенири. Се тврди дека мостот е еден од  четирите мостови во светот кои имаат продавници. Посета на Коза Хан – „познатиот пат на свилата“, кој е единствен со своите безброј продавници со свилени марами – вистинско уметничко дело. Слободно време за шолја миризлив турски чај. Можност за ручек во типичен локален ресторан со познатиот специјалитет на Бурса – Искендер ќебап. Можност за свечена 8-мо Мартовска вечера. Ноќевање.

 

03 ден 05.03.2022 (сабота) Бурса – Ескишехир – Бурса

Појадок.Поаѓање и пристигнување во Ескишехир – познат и како „турска Венеција“, родното место на Насрадин Хоџа. Денес тој е модерен и просперитетен град и четврти по големина универзитетски центар во светот со речиси 2 милиони студенти. Разгледување на Ескишехир – етнографскиот комплекс „Одунпазар“  Куршунлу џамија, Кент Парк со вештачка плажа. Слободно време за возење со гондола/ брод  по вештачки ископаните канали на реката Порсук, слично на Венеција (навечер мостовите над каналите светат во различни бои).
Факултативна екскурзија: Полудневна екскурзија до паркот Сaзова каде што е импресивниот замок од бајките, кој потсетува на Дизниленд. Aзиската минијатура со 32 модели , нај новата зоолошка градина „Ескишехир“ со 234 животни, изградена во 2017 година – на територијата на зоолошката градина има Тропски истражувачки центар, јапонска градина, куќа на папагали и др. Враќање во Бурса. Ноќевање.

 

04 ден 06.03.2022 (недела) Бурса – Кавадарци

Појадок. Напуштање на хотелот и се упатуваме кон  шопинг центар слободно време за индивидуални прошетки. Групата се упатува кон Чанакале. Панорамски разглед на Чанакале, поминување на преминот Дарданели со траект и се упатуваме кон Македонија

 

05 ден 07.03.2022 (понеделник)

Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 6.500 мкд. (за уплата до 31.01.2022)
Редовна Цена: 7,500 мкд.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Кавадарци – Бурса – Скопје;
  • Сместување во хотел 3* НП;
  • Посета на Ули Џамија;
  • Посета на Зелена Џамија;
  • Козан Хан;
  • Панорамски разглед на Изник;
  • Професионален туристички пратител на групата;
  • Професионален локален туристички водич.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Панорамски разглед на Бурса и локален водич – 10 евра (задолжително);
  • Целодневен излет до Ескешехир (автобус +локален водич) 25 евра;(миниум 35 патници)
  • Крстарење по реката Порсук (Каналите во Ескишехир) 10евра;
  • Влезница за паркот Сазова е бесплатна (користењето на анимацијата со доплата на лице место);
  • Свечена 8-мо мартовска вечера – 30 евра;
  • Доплата за еднокреветна соба 2.400.ден;
  • Патничко здраствено осигурување 200 ден.

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање,во случај на недоволен бој на патници.
  • Пасошот треба да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќање.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска.

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА

Ве информираме дека при влез во Р. Турција, според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:

* Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас, или
* Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете со вас,или
* Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете со вас.

Почнувајќи од 15 март 2021 година, патниците кои патуваат за Турција се должни да пополнат „Електронски формулар“ во последните 72 часа пред нивното патување на следниот линк:  https://register.health.gov.tr

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  • Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  • Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  • Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  • Негативен резултат од брз Тест за Антигеннаправен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu