Хотел Coral Blue Beach – Геракини
Хотел Coral Blue Beach – Геракини
Локација: Грција / Халкидики / Ситониа / Геракини
Плажа: Приватна плажа, песочна. За секоја соба 1 чадор и 2 лежалки на плажа со минимум нарачка од 5 еур.
Услуга: Полупансион (појадок и вечера).
Интернет: Бесплатно Wi – Fi на рецепција и на барот покрај плажа.
Сместување:
Double Room: Брачен лежај или две одвоени легла (едно до друго) – максимум сместување 2 возрасни и 1 дете до 12 години на дополнително легло;
Bungalow: брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло – максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99) или 3 возрасни;
Family Room with bunk bed: Брачен лежај или одовоени кревети и кревет на спрат – максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99 години) или 3 возрасни;
Тип на дополнително легло: На расклопување;
Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали, телефон, Wi – Fi интернет (со доплата), фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата.
Чистење на собите: Согласно нови протоколи за Covid-19 за кои информација може да се добие на рецепција.
Напомена: Во сите соби има можност за детско креветче (baby cot) – 5 € на ноќ – со претходно барање од клиентите и одобрување од страна на хотелот.
Хотелски содржини:
- Хотелскиот комплекс се простира на самата песочна плажа, урбано уредена со лежалки, чадори за сонце;
- Главениот ресторан “Thalassa” е место каде се служат појадокот и вечерата на принцип шведска маса, со голем избор на вкусни домашни јадења и специјалитети.
- Барот на плажа “Ammos” е преубаво место на самата плажа и под борови дрвја каде се нудат свежи сокови, сладоледи, лесно освежување, коктели и вкусна ужина;
Важна напомена:
При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата.
Цената вклучува:
- 7 ноќевања со појадок и вечера
- Едно дете до 11.99 години – Бесплатно
- Користење на клима уред
- Интернет на бар на плажа и во лоби на хотелот
- Паркинг (во согласност со слободни места во моментот)
Доплати:
- Туристичка такса од 1,5 еур по соба на ноќ која се плаќа во хотел;
- Трет возрасен на дополнително легло плаќа 32€ на ноќ;
- Второ дете од 0-11,99 години 9 € на ноќ
- Трето дете од 0-11,99 години 23€ на ноќ;
Напомена за резервации со попусти:
- бројот на соби кој може да се резервира со попуст за рани резервации е ограничен!
- агенцијата го задржува правото на промена или прекинување попустите пред наведените датуми на истекување.
- резервациите направени со еден попуст не може да се комбинират со друг попуст!
- доколку уплатата не се изврши навреме резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата и истото не е причина за отказ на постоечката резервација.
- за уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст неможе да се комбинира со други попусти
- Во случај на отказ на резервациите уплатени со попуст за рана уплата до 15 дена пред патување уплатените средства се пренаменуваат во ваучер за следно патување.
Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.
Во Неа Потидеа автобусот застанува на станицата на главниот пат веднаш до Lemoni Bakery и од таму патниците имаат организиран превоз до хотелот Potidea Golden Beach
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
40 € за возрасни – повратна карта;
30 € за возрасни – карта во еден правец;
25€ за деца до 12 години – повратна карта;
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
- За пакет аранжманот во дуплекс потребни се минимум 2 лица;
- трето,четврто и петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 40€ за возрасен или 25€ за дете од 02 – 12 години;
- дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
- за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
