Дочек на Новата Година во Лутраки- Грција

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Лутраки, Грција

Датум

30/12/2023 – 01/01/2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Дочек на Новата Година во Лутраки(Пожар) – Грција

1 ден.Скопје – Гевгелија – Лутраки 30.12.2023 (сабота)

Состанок на групата во договорено време  и   место. Поаѓање кон Лутраки, со попатни паузи. Преку граничен премин Богорoдица, продолжуваме кон Јаница (Γιαννιτσά). Посета на Лидл и Џамбо во Јаница. Патот води кон Аридеа. Пристигнување во Лутраки (Пожар). Сместување во хотел/апартман. Слободно време за одмор од патувањето и можност за уживање покрај топлината на камините кои им даваат посебна убавина на објектите.

2 ден. Лутраки 31.12.23 (недела)

Појадок. Организирана посета на термалните бањи. Слободно време за користење на базените со топла термална вода со температура од 37 степени. (задолжително понесете костим за капење и пешкир). Враќање во Хотел. Во договореното време поаѓање кон ресторантот. ДочекнаНовагодина, Свеченавечерасомакедонска и грчкамузика.

3.ден Лутраки – Воден – Гевгелија – Скопје 01.01.24 (понеделник)

Појадок. По појадокот се упатуваме кон Воден. Посета на катарактите и водопадот. Во доцните попладневни часови се упатуваме кон Македонија со попатни паузи.

Цена за хотелско сместување со појадок : 145 евра
Цена за апартманско сместување: 130 евра

Во цената е вклучено:

  • 2 ноќевања во апартмани Харамата 130 евра по лице
  • 2 ноќевања со појадок во Хотели Галаксија и Дросиа 145 евра по лице
  • Богата свечена новогодишна прослава во ресторант Panteon
  • Превоз на дадената релација Скопје – Велес – Неготино – Д.Капија – Гевгелија и обратно
  • Организација на патувањето
  • пратител на група
  • За сопствен превоз се одбива 10евра

Во цената не е вклучено:

  • Влезница за топлите бањи
  • Услови за деца: до 3 год. Бесплатно , за деца од 3 до 12 години се плаќа 50% од аранжманот (користат седиште во автобус, сопствен кревет и Н.Г вечера)
  • Индивидуални трошоци
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287