Hotel Blue Sea – Кушадаси

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Кушадаси, Турција

Датум

01 јули – 29 септември 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Hotel Blue Sea – Кушадаси

10% ПОПУСТ
за целосна уплата во месец Март!

Положба: Хотелот е лоциран на 200 метри над една од најпознатите плажи во Кушадаси, Ladies Beach. Хотелот е оддалечен на само 3 километри од центарот на градот.

Сместување: Хотелот Blue Sea располага со вкупно 50 соби кои поседуваат балкони со поглед на море. Сите соби располагаат со сопствен балкон, клима уред, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса) минибар, сеф, ТВ, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција.

Услуга: Хотелот е на база HB(појадок и вечера – шведска маса – во главниот ресторан). Хотелот расолага со прекрасен ресторан на покривот во кој секојдневно се служат вкусни регионални и интернационални јадења. Хотелот исто така располага со два барови каде се служат топли, безалкохолни и алкохолни пијалоци.

Бесплатни услуги: користење на базенот, ресторанот за време на доручек и вечера, lounge area,игралиште за деца, палуба за сончање, тераса,хамам, сауна, Wi-Fi конекција во јавниот простор на хотелот, паркинг.

Услуги со доплата: Увозни пијалоци, свежо цедени сокови,сервис за перење алишта, сервис за пеглање на алишта, пинг понг, масажи, телефон, сеф, водени спортови, лежалки и чадори на плажа, room service (услуга во соба), минибар.

Содржини: Хотелот располага со прекрасен ресторан на покривот, надворешен базен, два барови, рецепција (24/7), менувачница, туристичко биро, складирање на багаж, биро за изнајмување на кола.

Плажа: Хотелот се наоѓа на најпознатата плажа во Кушадаси, Ladies Beach. Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нјезината чиста вода. Во близина на плажата има безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, барови, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.

Спорт и забава: Надворешен базен, детско игралиште, водени спортови, пинг понг, билијард.

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06 319 eur
06.06-16.06 319 eur
11.06-21.06 319 eur
16.06-26.06 319 eur
21.06-01.07 319 eur
26.06-06.07 369 eur
01.07-11.07 399 eur
06.07-16.07 399 eur
11.07-21.07 399 eur
16.07-26.07 399 eur
21.07-31.07 399 eur
26.07-05.08 399 eur
31.07-10.08 399 eur
05.08-15.08 399 eur
10.08-20.08 399 eur
15.08-25.08 399 eur
20.08-30.08 399 eur
25.08-04.09 369 eur
30.08-09.09 319 eur
04.09-14.09 319 eur
09.09-19.09 319 eur
14.09-24.09 319 eur
19.09-29.09 319 eur

За дете до 5.99 години: 80 eur.
За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст.

Аранжманот вклучува 10 ноќевања, превоз, појадок и вечера.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu