Хотел “PANTHEON” – Олимпик бич

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Олимпик бич, Грција

Датум

19 мај – 22 септември 2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Хотел “PANTHEON” – Олимпик бич

Бесплатно сместување за 3-то и 4-то лице во студио

Хотел “Pantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Стилно опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/2, 1/3 и 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за коса, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ – LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен  WI-FI интернет во студијата, на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТСтудијата кој се во сопствен закуп на Т.А. Медитеран се наI и  III кат.

НАПОМЕНА

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
–  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
–  Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
–  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
–  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
–  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
–  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
–  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
–  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот на автобуската постројка до плажата.
–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
–  Доплата за туристичка такса – 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
–  Доплата за клима – 7 од ден (на рецепција);
–  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287