Хрватска и Словенија – Велигден

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Хрватска и Словенија

Датум

13 април – 17 април 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

РИЈЕКА – ПОСТOИНСКА ЈАМА – ОПАТИЈА – ЗАГРЕБ
Велигден ( 13-17.04.2023)

1 ден 13.04.2023 (Четврток) Битола-Скопје- Ријека

Поаѓање од Битола пред Спортска сала  во 17:00 часот, Прилеп  17:45,  Кавадарци / Неготино  18:15, Велес  18:45 и Скопје 19:30 пред  бензиска Окта ( до хотел Континентал) –  Охрид и  Струга  трансфсер 10 евра по лице поаѓање од Битола.
Ноќно  возење  со попатни одмори и царински формалности.

2 ден 14.04.2023 (Петок) Ријека

Пристигнување во Ријека, разглед на градот со локален водич и посета на најважните културно историски знаменитости на градот: старата градска кула, палатата на гувернерот и поморски и историски музеј, стариот град и прекрасното шеталиште каде ќе се забележат градби кои датираат од 16-18 век. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или релаксирана прошетка на познатото шеталиште во Ријека, вечера во хотелот, ноќевање.

3 ден 15.04.2023 (Сабота) Ријека-Постоинска Јама- Опатија

Појадок, по појадокот факултативна посета на Постоинска Јама (Словенија) и Опатија.
/Ријека-Постоинска јама 68 км/Постојнска јама-Опатија 61 км/Опатија-Ријека 14 км)
Поаѓање од хотелот во 07:30 часот.
Посетата на Постојнска Јама завршува со Концертната Сала, од каде со вовчето се враќаме назад кон отворот на пештерата.
По посетата на Постојнска јама заминување за Опатија.
Слободно време. Заминување за Ријека ( во договор со пратителот на групата ) По пристигнувањето во Ријека, слободно време за одмор.
Вечера во хотелот, Ноќевање.

4 ден 16.04.2023 (Недела) Ријека – Загреб – Македонија

Појадок, одјавуање од хотелот во  08:00 и заминување за Загреб. По пристигнување,
разглед на Загреб со професионален туристички водич:

Плоштадот Бан Јелачич, Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотрсчак (13 век) каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Железната врата еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала ( 100 метри висока) турата завршува кај малата фонтана некогашен извор на лековита вода (околу 90 минути)…. Слободно време за кафе/ручек. Во договорено време поаѓање кон Македонија.

5 ден 17.04.2023 (Понеделник) Македонија

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

Цена по лице: 199 € (12 340 денари)
( за сместување во двокреветна соба
)

Цена за рана уплата до 01.03.2023 189 €
( 11720 ден)

 

Во цената е вклучено:

Превоз со туристички автобус на наведената релација
2 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 3* во Ријека
Разглед на Ријека со професионален водич (пешачка тура)
Разглед на Загреб со професионален водич (пешачка тура)
Туристичка такса во хотелот
Придружник од агенцијата
Организација и реализација на аранжманот

Во цената НЕ е вклучено:

Факултативна посета: Постојнска Јама и Опатија 45€ (превоз+придружник+влезница+водич)
Влезници за музеи и културно – историски споменици
Патничко осигурување
Личен трошок на патниците
Доплата за еднокреветна соба 50 € по лице

 

Важни забелешки и напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40  патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 25 патници.
Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи агенцијата не сноси одговорност
Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата ( местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Пасошот треба да важи минимум 180 дена од завршувањето на патувањето.
Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, се применуваат и важат
Општите услови на СКТМ и ТА ЕКСТРА БУС ( прочитај ги тука )

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

ХОТЕЛ ЈАНАКИЕВ 4*-БОРОВЕЦ 2022

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287