Истанбул 3 ноќи – 8ми Септември
ИСТАНБУЛ
Цена на аранжманот: 165€
Повеќе инфо за хотелот на следниот линк.
Факултативни излети:
• ТОПКАПИ ПАЛАТА – 40 ЕВРА
• ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТА – 40 ЕВРА
• КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – 25 ЕВРА
• ТУРСКА ВЕЧЕР – 45 ЕВРА
• НАСЕЛБА БАЛАТ + Цариградска патријаршија – 10 ЕВРА
• ОРТАКОЈ – 10 ЕВРА
**** ПРЕВОЗ , ВЛЕЗ И ЛЕЖАЛКА + ЧАДОР – 40 ЕВРА
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ НА ИЗЛЕТИ СО ПОПУСТ
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ »RELAX & ADVENTURE« ИСТАНБУЛ:
Топкапи 40€, Долмабахче 40€ + населба БАЛАТ + Цариградска патријаршија + Железната Црква 10€ + Крстарење 25€ + ОРТАКОЈ 10 ЕВРА + ПЛАЖА 40€ = 165€
6 ИЗЛЕТИ СО ПОПУСТ = *145 EUR
СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ »RELAX, PARTY & FUN« ИСТАНБУЛ:
Топкапи 40€ + Долмабахче 40€ + населба БАЛАТ + Цариградска патријаршија+ железната Црква 10€ + Крстарење по Босфор 20€ + ОРТАКОЈ 10€ +ТУРСКА ВЕЧЕР 45€ + ПЛАЖА 40€= 210Еur ( 7 ИЗЛЕТИ СО ПОПУСТ = *180 EUR)
ОПИС НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
- ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД* ХИПОДРОМ– Византиски хиподром претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли.
* АЈА СОФИЈА – Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на Божествената мудрост. Изградена е за 5 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6. до 13. век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј. На 24. Јули 2020 година од страна на раководството на Р. Турција се претвори пак во џамија.
* СИНА ЏАМИЈА (Султан Ахмет) – Најпознатата џамија во Истанбул која е воедно и првата џамија изградена со 6 минариња за време на Османлиската империја. Посветена е на султанот Ахмет I, а поради своите бои – сина, зелена и бела нанесени на плочки од порцела, го добива прекарот “ Сина Џамија “.
* КАПАЛИ ЧАРШИЈА – Разгледот го зарвшуваме со Капали чаршија шопингот во Капали Чаршија, изгледа како истражување на лавиринт,тука може да се види еден од најголемите пазари во светот и да се почувствува магијата на едно место старо неколку века.
* ТОПКАПИ ПАЛАТА – Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топкапи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.
* КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен.
* ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТА – преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности. Враќање кон хотел.
- ТУРСКА ВЕЧЕР НА БРОД / КСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР во времетраење од 3 часа – претставува традиционална вечера на која што ќе имате прилика да ги дегустирате специјалитетите на богатата турска кујна како и да уживате во традиционални турски пијалоци, Програмот е збогатен со стомачен танц и дополнителни анимации за гостите од страна на домакините,
- Најубавата и добро позната населба БАЛАТ , новата инстаграм сензација – место каде имаме можност одблизу да ја доживееме магијата на извонредните куќи во различни бои кои што се единствени во таков стил и се добро препознатливи особено на оние кои гледаат турски серии.
Железната Бугарска Црква како и Цариградска патријаршија срцето на православието. - Најубавата приватна ПЛАЖА која се наоѓа на 1 час оддалеченост од Истанбул , во која ќе го поминете денот на прекрасниот тропски песок, кристално бистро море, латино звуци и коктели направени од врвни бармени.
1. ДЕН – СКОПЈЕ
Тргнување во 18:00 часот од пред СЦ Борис Трајковски.
2. ДЕН – ИСТАНБУЛ
Пред пристигнивање во Истанбул застанување на бензинска пумпа за пауза и они кои сакаат да се спремат за факултативните излети кои се според програмата односно, првата дестинација по пристигнување ни е ТОПКАПИ ПАЛАТАТА – ова е палата на султаните, изградена на површина од 700,000 квадратни метри, дворецот се состои од три главни влезови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, свети мошти и царски архиви останале на чување во Топкапи палатата и по преместувањето на султаните во палатата Долмабахче.
По разгледот на Топкапи се упатуваме пешки кон историскиот дел на градот, односно, Сината Џамија, Аја Софија, Хиподромот како и добро познатата Капали чаршија.
По разгледот се упатуваме во хотел и се сместуваме после 14:30 часот по локално ТУРСКО време.
Турска Вечер – крстарење по босфор во времетраење од 3 часа,
Ноќевање.
3. ДЕН – ИСТАНБУЛ
По појадокот се упатуваме кон “Турскиот Версај” односно добропознатата плата *ДОЛМБАХЧЕ која преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности, уживање и релаксација покрај Босфорот.
*КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР, кое претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен…
Се упатуваме кон најубавата и добро позната населба БАЛАТ , новата инстаграм сензација – место , каде имаме можност одблизу да ја доживееме магијата на извонредните куќи во различни бои кои што се единствени во таков стил и се добро препознатливи особено на оние кои гледаат турски серии. Царигратската Патријаршија како и Железната Црква.
По разгледот на Балат се упатуваме кон Хотел. Слободно време за одмор и индивиидуални активности.
Вечерта можност за посета на едно од најинтересните локации во Истанбул – НАСЕЛБАТА ОРТАКОЈ – место каде што ќе имате можност да се сликате со џамијата Ортакој, црвениот мост и погледот кон босфор од луксузините ресторани. Кратко кажано МАГИЈАТА НАРЕЧЕНА ИСТАНБУЛ.
Ноќевање.
4. ДЕН – ИСТАНБУЛ
Утрото по појадокот се упатуваме кон најубавата приватна ПЛАЖА која се наоѓа на 1 час оддалеченост од Истанбул, во која ќе го поминете денот на прекрасниот тропски песок, кристално бистро море, латино звуци и коктели направени од врвни бармени.
По враќањето во Хотел, слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.
5/6. ДЕН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Check out и напуштање на хотелот во 08:00 часот. По пакувањето на стварите ВО АВТОБУС се упатуваме кон продавница ЛОКУМАДА – и од таму тргнуваме кон трговскиот центар FORUM ISTANBUL, IKEA I DEKATLON каде што ќе имаме слободно време за шопин и индивидуални активности.
Тргнување кон Скопје во попладневните (локално време) часови во договор со водичот.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
Вклучува
- Автобуски превоз релација Скопје – Истанбул – Скопје
- 3 ноќевања со појадок во Хотел ГРАНД ХАЛИЧ со 4* – ТАКСИM Спроти ЗЛАТЕН РОГ
- Комплетна организација со претставник од Т.А Рапсоди Травел
- ГРАТИС РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ !!!
Не вклучува
- Посета на Декатлон, Икеа и најголемиот шоппинг центар “FORUM ISTANBUL”
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети и посети –ЗАДОЛЖИТЕЛНО МИНИМУМ 2 ФАКУЛТАТИВИ
- Задолжителна туристичка такса во Турција – 5 евра по лице
- ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко здравствено осигурување – 5€
