Истанбул 3НП – 8ми Март

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Истанбул, Турција

Датум

07.03.2024 – 12.03.2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

ИСТАНБУЛ

3 ноќевања со појадок во Хотел GRAND HALIC  4*- на ТАКСИМ спроти златен Рог

ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул.  Денес Истанбул е велеград кој брои преку 18 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.

Цена на аранжманот:  Од  155€  – 9.610 денари 

Факултативни излети:

  • ТОПКАПИ ПАЛАТА – 40 ЕВРА
  • ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТА – 40 ЕВРА
  • КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – 25 ЕВРА
  • ТУРСКА ВЕЧЕР ( со вклучено јадење и неограничено пиење) – крстарење на брод  – 45 ЕВРА
  • АЗИСКИ ДЕЛ + НАСЕЛБА БАЛАТ + Цариградска патријаршија + Железната црква – 40 ЕВРА
  • ОРТАКОЈ – 10 ЕВРА
  • СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ НА ИЗЛЕТИ СО ПОПУСТ•

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ »RELAX & ADVENTURE« ИСТАНБУЛ:

Долмабахче 40€ + АЗИСКИ ДЕЛ+ НАСЕЛБАТА БАЛАТ + Цариградска патријаршија + Железната Црква  40€ + Крстарење 25€ + ОРТАКОЈ 10€  –   ИЗЛЕТИ СО ПОПУСТ = * 95 EUR

СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ »RELAX, PARTY & FUN« ИСТАНБУЛ:

Топкапи 40€ + Долмабахче 40€ + АЗИСКИ ДЕЛ + НАСЕЛБАТА БАЛАТ + Цариградска патријаршија+ железната Црква 40€ + Крстарење по Босфор 25€ + ОРТАКОЈ 10€ +ТУРСКА ВЕЧЕР 45€  СИТЕ ИЗЛЕТИ СО ПОПУСТ = *175 EUR

1. ДЕН – КАВАДАРЦИ-СКОПЈЕ

Тргнување во 18:00 часот од пред СЦ Борис Трајковски.

2. ДЕН – ИСТАНБУЛ

Пред пристигнивање во Истанбул застанување на бензинска пумпа за пауза и они кои сакаат да се спремат за факултативните излети кои се според програмата
односно , првата дестинација по пристигнување ни е ТОПКАПИ ПАЛАТАТА – ова е палата на султаните , изградена на површина од 700,000 квадратни метри, дворецот се состои од три главни влезови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници , резиденција на владетелот , други резиденции и згради за вработените во палатата, свети мошти и царски архиви останале на чување во Топкапи палатата и по преместувањето на султаните во палатата Долмабахче.
По разгледот на Топкапи се упатуваме пешки кон историскиот дел на градот , односно, Сината Џамија, Аја Софија, Хиподромот како и добро познатата Капали чаршија.
По разгледот се упатуваме во хотел и се сместуваме после 14:30 часот по локално ТУРСКО време.

Слободно време за одмор и индивидуални активности.
Ноќевање.

3. ДЕН – ИСТАНБУЛ

По појадокот се упатуваме кон “Турскиот Версај” односно добропознатата плата *ДОЛМБАХЧЕ која преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности, уживање и релаксација покрај Босфорот.

*КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР, кое претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен…

Вечерта можност за посета на едно од најинтересните локации во Истанбул – НАСЕЛБАТА ОРТАКОЈ – место каде што ќе имате можност да се сликате со џамијата Ортакој, црвениот мост и погледот кон босфор од луксузините ресторани. Кратко кажано МАГИЈАТА НАРЕЧЕНА ИСТАНБУЛ.
Ноќевање.

4. ДЕН – ИСТАНБУЛ

Најубавата и добро позната населба БАЛАТ , новата инстаграм сензација – место каде имаме можност одблизу да ја доживееме магијата на извонредните куќи во различни бои кои што се единствени во таков стил и се добро препознатливи особено на оние кои гледаат турски серии. Единствен кварт каде што стотици години ништо не е променето , и од каде што ќе може да ја погледнеме единствената грчка гимназија која изнудува воздишки и многу историја која е актуелна до денес.
Железната Црква како и Цариградска патријаршија срцето на православието, престолнината на православниот поглавар односно – Вселенскиот патријарх Вартоломеј 1.

По разгледот на Балат се упатуваме кон пристаништето од каде ќе испловиме кон АЗИСКИОТ дел на Истанбул. По пристигнувањето следува разглед на најзначајните знаменитости – Џамијата Михримах , Подземното метро МАРМАРА, МОМИНСКАТА КУЛА, Кејот на рибарите, традиционалните турски улички – маало со добро познатиот автентичен стил. По разгледот следува слободно време за индивидуални активности, време за уживање покрај Босфор, можност за традиционален појадок, ручек , добро познатиот турски чај, како и дегустација на оригинално турско кафе.

ТУРСКА ВЕЧЕР НА БРОД / КСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР во времетраење од 3 часа – претставува традиционална вечера на која што ќе имате прилика да ги дегустирате специјалитетите на богатата турска кујна како и да уживате во традиционални турски пијалоци, Програмот е збогатен со стомачен танц и дополнителни анимации за гостите од страна на домакините, како и прекрасниот поглед кон добро препознатливите БОСФОРСКИ мостови, оваа глетка навистина ќе остане врежана во вашата меморија.
Ноќевање.

5/6. ДЕН – ИСТАНБУЛ – КАВАДАРЦИ-СКОПЈЕ

Check out и напуштање на хотелот во 08:00 часот. По пакувањето на стварите ВО АВТОБУС се упатуваме кон продавница ЛОКУМАДА – и од таму тргнуваме кон трговскиот центар FORUM ISTANBUL, IKEA I DEKATLON каде што ќе имаме слободно време за шопин и индивидуални активности.
Тргнување кон Скопје во попладневните (локално време) часови во договор со водичот.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

КУШАДАСИ – AYMA BEACH RESORT ****

САРАЕВО Нова Година 2022

КУШАДАСИ – PONZ HOTEL ***

Menu