Истанбул – 8ми Март

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Истанбул, Турција

Датум

07.03.2024-10.03.2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

8МИ МАРТ ВО ИСТАНБУЛ-ПРИКАЗНА ОД ОРИЕНТОТ

Вклучено ноќно крстарење со брод по Босфорот со програма, вечера и неограничени безалкохолни пијалоци

Илјада причини да го посетите единствениот град кој се наоѓа на раскрсницата на патиштата кои водат од Балканскиот Полуостров во Мала Азија и од Средоземното во Црното Море… Единствениот град во светот кој се простира на два континента- Азија и Европа, главниот град на четири големи царства: Римското, Бизантиското, Латинското и Отоманското…

Прв ден: 07.03.2024 година (четврток)

16:00 часот Заминување на групата од Скопје и во 17:30 часот од Кавадарци кон Истанбул. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 08.03.2024 година (петок)

Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Градот ќе не` освои уште во првиот момент: жив, шарен, хаотичен… но сепак неверојатно привлечен. Сместување на групата во хотел „Oran“ 4* (https://www.oranhotel.com/) во Лалели, реон во централниот дел на Истанбул богат со локална архитектура и античка историја. Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуално уживање кое можете да го започнете со вистинско турско кафе што ќе Ви го послужат во мали шољички, со многу шеќер… Колку и да го сакаат кафето, локалните жители сепак најмногу пијат чај- во текот на целиот ден ќе Ве нудат со жежок чај послужен во мали стаклени чашки дури и во дуќаните во кои за прв пат влегувате. Тоа е турското гостопримство по кое се надалеку познати. Хотелот во кој сме сместени е оддалечен само 800 метри од Капали Чаршија, еден од најстарите трговски центри кој има 64 улици и 4000 продавници и дневно го посетуваат 400.000 луѓе. Тука можете да купите се` што Ви треба и што никогаш нема да Ви затреба… од златен накит преку свилените теписи до копиите на најновите Louis Vuitton ташнички.  Излезете навреме од овој лавиринт за да имате време да се подготвите за вечерното доживување-ноќно крстарење по Босфорот. Во договореното време заминуваме кон бродот каде имаме неколкучасовна осмомартовска забава со пригодна програма и вечера со неограничени безалкохолни пијалоци. Освен што ќе уживаме во националниот фолклор и стомачните танци на преубавите девојки, ќе можеме да се восхитуваме на волшебната панорама на величествениот Истанбул под сјајот на вечерните светла.  Враќање во хотелот. Ноќевање.

Трети ден: 09.03.2024 година (сабота)

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на организиран разглед на дел од најзначајните места во градот кој има неверојатна историја. Како поинаку да го најавиме денот предвиден за разглед на градот во кој живеат повеќе од 15 милиони жители колку што вкупно имаат 177 земји ширум светот; градот кој има повеќе од 3000 џамии од чии минариња пет пати во текот на денот се повикуваат верниците на молитва; градот за кој уште во 1503-та година Leonardo da Vinci ги направил плановите за изградба на мост преку Златниот Рог, заливот кој го дели Истанбул на два дела за кој актуелниот турски претседател Ердоган пред неколку години најави дека се работи на проект со кој конечно ќе се остварат плановите на da Vinci. Тргнуваме на разглед на градот во кој во 16. Век од дворецот на Сулејман Величествениот холандскиот амбасадор изнесува луковици лалиња и ги пренесува во својата земја; во градот во кој Агата Кристи го напишала познатиот роман „Убиство во Ориент Експрес“- возот кој сообраќал на релација Париз-Цариград од 1883-1977 година… Како поинаку да ја најавиме обиколката на градот кој за целосно да го прошетаме ќе ни требаат недели, а не денови или часови. Локалниот туристички водич ќе не` поведе на пешачка прошетка преку плоштадот Сулејман Ахмед каде се наоѓа Сината Џамија па одтаму до Аја Софија, најмонументалниот верски споменик кој од првобитната намена-христијанска црква низ вековите е претворен во џамија, па во музеј за од јули 2020-та година да биде повторно преименуван во џамија. Продолжуваме да се движиме кон Топ Капи, палатата која цели 400 години била дом на Османлиските султани. Од дворот на палатата ќе ги направиме најубавите фотографии со импресивна глетка кон Босфорот и Златниот Рог. По завршувањето на овој дел од разгледот, се упатуваме кон објектот кој е врв во османлиската уметност и култура-палатата Долмабахче Сарај. Раскошна, монументална, исполнета со злато-тоа е првата палата во Турција градена во Европски стил декорирана со елементи од различни стилови-барок, рококо, неокласика до традиционална османлиска уметност и култура. 14 тони злато е искористено за изработка на златните листови кои го прекриваат плафонот, а кристалниот лустер во церемонијалниот хол е најпознатиот кристален лустер во светот подарок од кралицата Викторија- тежи 4,5 тони и има 750 ламби.  Ќе имаме можност организирано да прошетаме и да се восхитуваме на внатрешноста на палатата во која живееле шест султани и во која починал основачот на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк. По завршувањето на разгледот и слободното време во дворот на палатата, ни претстои уште една туристичка атракција – Sapphire Terrace, најатрактивната зграда во Истанбул со висина од 261 метри. Од нејзиниот највисок кат ќе имаме неверојатен панорамски поглед од 360 степени на целиот Истанбул. Тоа е глетка од која застанува здивот. Освен тоа, ќе уживаме во уште едно неверојатно искуство со 4D симулацијата со која од палубата за набљудување ќе полетаме над најзначајните знаменитости на градот… Уникатно искуство кое не се пропушта. Исполнети со овие убавини, се враќаме во хотелот да ги сонуваме архитектонските чуда на Истанбул. Ноќевање.

Четврти ден: 10.03.2024 година (недела)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул во кој има повеќе од 300 светски брендови и повеќе од 50 ресторани за храна. Во овој шопинг центар се наоѓа и еден од десетте најголеми аквариуми во Европа „TurkuaZoo“ кој можете индивидуално да го посетите. Аквариумот има тунел долг 80 метри , содржи 4.5 милиони литри вода и во него живеат 10.000 животни меѓу кои тигар ајкули и пирани.  Слободно време за индивидуални прошетки, шопинг и ручек. Во договореното време заминуваме кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………259 евра (16.060 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотелот  „Oran“ 4**** во Истанбул
  • Туристичка такса
  • Ноќно крстарење по Босфорот со вклучена забава на бродот, вечера и неограничени безалкохолни пијалоци
  • Организиран разглед на градот со лиценциран туристички водич
  • Влезница во Палатата Долмабахче Сарај
  • Влезница за Sapphire Terrace и 4D симулација
  • Посета на шопинг центарот Форум Истанбул
  • Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за еднокреветна соба -50 евра (за двете ноќевања)
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40  патници

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287