Истанбул – НОВА ГОДИНА 2023
Нова Година 2023 во Истанбул
Посетата на Истанбул не е само обична посета на еден град, тоа е буквално магија која после првата посета ве прави зависник и посакувате повторно и повторно да го посетите овој магичен град, но зошто е тоа така? Затоа што Истанбул е:
-Единствениот град во светот кој лежи на два континента.
-Без сомнение еден од најголемите градови во минатото и сегашноста, главен град на неколку империи, а денес најголем град во Европа.
-Градот во кој има топење на култури,традиции и обичаи, кој лежи на едно од стратешки најважното место на земјата.
-Со над 450 км крајбрежие распослан на двете страни од протокот Босфор, кој ги спојува Егејското и Мраморното море со Црното море.
-Истанбул во 2019 година е посетен од 14 милиони туристи што го прави 8-ми најпосетуван град во светот.
Нашата програма за посета на Истанбул е следнава :
1 Ден 29.12.2022 (Четврток)
Поаѓање од градовите:
-Скопје
-Велес
-Кавадарци
-Неготино
-Гевгелија
Ноќно патување со попатни паузи.
2 ден 30.12.2022 (Петок)
Пристигнување во предпладневните часови, оставање на багажот во Хотелот кој се наоѓа во областа Лалели.
По краткиот одмор со локален водич го започнуваме пешачкиот разглед со движење преку Капали Чаршија(чаршијата со над 3000 продавници едно од најпосетуваните места во Истанбул) до посета на:
-Хиподромот ( во вид на потковица, кој некогаш служел за коњски трки) а денес е познат како плоштадот Султан Ахмет каде се наоѓа исто имената Џамија денес позната како,
–Сината Џамија можност за индивидуална посета (чија каректеристика е тоа што е единствената џамија со 6 минариња на сино-зелените кристали и мермерни камчииња го добила името Сината)
–Аја Софија можност за индивидуална посета (најпрво изградена како црква на Светата мудрост градена во време на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија за покасно да биде прогласена за музеј и беше една од најпосетуваните атракции во Истанбул но претседателот Ердоган повторно ја претвори во џамија)
-Палатата Топ Капи факултативен разглед на истата со локален водич (е музејот каде се наоѓа мечот на пророкот Мухамед ,палатата претсавува административен центар на Османлиската Империја во која живееле со векови турските султани заедно со нивните семејства и најважните соработници и буквално претставува град во град составена од повеќе објекти и прекрасен поглед кон Босфорот)
-По завршување на пешачката тура слободни активности и можност за шопинг во Капали Чаршија и областа Лалели преплавена со продавници.
-Во вечерните часови предлагаме факултативна посета на Sapphire Seyir Terasiсо 4Д проекција (Една од највисоките згради во Истанбул од која може да направите прекрасни фотографии и да уживата во 4Д проекцијата преку која ќе ги посетите најпознатите места во Истанбул навистина прекрасно доживување.
Ноќевање
3 ден 31.12.2022 (Сабота)
Појадок.
После појадокот можност за утринско турско кафе на Пјер Лоти од каде имаме прекрасен поглед на заливот Златен рог и на стариот и новиот европски дел на Истанбул.
-Панорамски разглед со локален водич кој ги вклучува:
-Пјер Лоти (жичара + водич)
-Балат (Стара христијанска населба со прекрасни дрвени куќи во која преовладуваат живописните бои на фасадите и мали кафулиња. Тука се наоѓа и старата Грчка гимназија и Вселенската Патријаршија)
-Вселенската Патријаршија (која помагала за ширењето на христијанството во овој дел, исто така овде во црквата Свети Ѓорѓија можете да го видите еден од клиновите со кој бил распнат Исус Христос.)
-Галата Кула (ќе направиме прекрасни фотографии и ќе ја научиме историјата за истата од нашиот локален водич)
-Плоштадот Таксим (најпознатиот плоштад во Истанбул до кој води најпознатата пешачка улица Истиклал, која е полна со продавници,кафичи и ресторани) Слободно време за прошетка.
–Долма Бахче палатата факултативна посета со локален водич (палатата во која е преточено целото богатство и раскош во кој уживале султаните.раскошот на внатрешноста може само да се доживее со посета на истата, за која се употребени 14 тони злато ,40 тони сребро прекрасни лустери 288 соби, 68 тоалети прекрасни градини…)
-Крстарење по Босфорот (прекрасно крстарење покрај европскиот и азискиот брег на Босфорот каде се наоѓаат куќите на познати турски глумци,политичари и бизнисмени многу од нив ќе ги препознаете од турските ТВ серии.)
-Слободни активности
Вечерта дочек на Нова Година по факултативно по избор:
- Новогодишен дочек во Хотел Maariott Bonvoy новогодишна програма со мени и неограничени алкохолни и безалкохолни пиалоци .
- Крстарење на брод (4 часовно крстарење на брод+новогодишна програма со танци +мени+неограничени алкохолни и безалкохолни пиалоци)
Ноќевање.
4 ден 01.01.2023 (Недела)
Појадок.
После појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон најголемата продавница КОСКА доколку сакате да си купите Алва,Локум,Баклава и други слатки производи.
–Шопинг центар ФОРУМ во кој се наоѓа еден од најголемите подземни аквариуми Turkuazoo во Истанбул, кој може да се посети факултативно. Во близина на истиот има Декатлон и Икеа. Слободно време за шопинг.
-Поаѓање за Македонија ноќно возење со попатни паузи.
5 ден 02.01.2023 (Понеделник )
-Пристигнување во Македонија во утринските часови
Цена на аранжманот:
119 евра (7,380 ден.) за уплата до 15.12.2022
Редовна цена: 139 евра (8,620 ден.)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,
- 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Истанбул,
- Пешачки разглед со локален водич (Капали Чаршија,Хиподром,Аја Софија,Сината џамија)
- Посета на најголемата продавница КОСКА,
- Посета на шопинг центар ФОРУМ,
- Профисионален туристички придружник,
- Организација и реализација на патувањето
- Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Панорамски разглед со локален водич 20 € – задолжително
-Пјер Лоти (жичара + локален водич)
-Балат
-Вселенската Патријаршија
-Галата Кула
-Плоштадот Таксим
- Крстарење по Босфор 20 €
- Посета на палатата Долма Бахче (Влезница + локален водич) 30 €
- Посета на Топ Капи палатата (Влезница + локален водич) 30 €
- Sapphire Seyir Terasiсо 4Д проекција (Влезница + локален водич) 30 €
- Новогодишен дочек во ресторанот на Хотел MARRIOTT BONVOY
- новогодишна програма со мени и неограничени алкохолни и безалкохолни пиалоци .100 €
- Новогодишно крстарење на брод (4 часовно крстарење на брод+новогодишна програма со танци +мени+неограничени алкохолни и безалкохолни пиалоци) 120 €
- Аквариумот Turkuazoo (превоз,влезница) 25 €
- Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.
Напомена:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
-Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
-Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
-Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
-Уплата исклучиво во денари.
