ИСТАНБУЛ – Нова година 2024 (авион)

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Истанбул, Турција

Датум

30.12.2023 – 02.01.2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

ИСТАНБУЛ – Нова година 2024
30.12.2023 – 02.01.2024

ИСТАНБУЛ – АВИОНСКИ  ПРЕВОЗ

Престолнина на империи, град кој владее два континента, средиште на цивилизации и култури – се само неколку од многуте дефиниции за Истанбул.Неограничената убавина на Истанбул е тоа што ги привлекува посетителите – безбројни музеи, цркви, џамии, базар, природни убавини. Додека уживате во зајдисонцето седнати покрај Босфорот и ги набљудувате пригушените светла на другиот континент, ќе сфатите зошто токму Истанбул е еден од највеличенствените градови во светот.

За овој град кој петпати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема даВи дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе с е воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете се за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и се така до недоглед…

 

1ден 30.12.2023 (сабота)

Состанок на групата на аеродром два и пол часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:45часот со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:20часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Попладне(факултативно)организиран трансфер до брод, каде ќе може да уживате во предновогодишна турска вечер со ноќно крстарење по Босфорот со вклучена вечера , пијалок и забава. Враќање во хотел.Ноќевање

2ден 31.12.2023 (недела)

Појадок. Во 08.30 часот (факултативно)посета на најубавата султанска палата Долма Бахче Сарај со стручен водич и превоз. Градена во Европски стил во 19 век, една од најгламурозните палати во светот, која зрачи со луксуз и приказни. Била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство.Продолжуваме (факултативно) кон Ушкудар, каде ќе може да се посети Кузунџук во азискиот дел на градот, населена област со колоритни дрвени куќи, калдрма и секако, омилено место за снимање турски серии. Се продолжува со посета на ридот Чамлиџа, кој е едно од омилените места за рекреација на локалците, и кулата, од која може да уживате во прекрасен панорамски поглед на Босфорот. Враќање во хотел. ПРЕДЛОГ – ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено, на некој од плоштадите на Истанбул (индивидуално).Ноќевање.

3ден 01.01.2024 (понеделник)

Појадок. Во 09.00 часот (факултативно) посета на Вселенската Патријаршија. Прошетка и посета на Балат, една од најстарите и најспектакуларните област во Истанбул, препознатлива по историските градби и калдрмата. Продолжуваме (факултативно) кон Пјер Лоти, од каде што може да уживате во најубавиот поглед на градот. Слободно време за ручек.Денот го продолжуваме со крстарење по Босфорот(факултативно)со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот: Долма Бахче, Јилдиз Палатата, Белербеј која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел. Ноќевање.

4ден 02.01.2024 (вторник)

Појадок.Одјавување од хотел.Во 08.30 часот (факултативен)разглед на градот со стручен водич: прошетка по Султан Ахмед плоштадот и Византискиот Хиподром.Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот. Сегашниот изглед на палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; ЏамијатаСултан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња;Аја Софија– црква, џамија, музеј… и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век еподигнато од византискиот цар Јустинијан. Слободно време за ручек.
Организиран трансфер до аеродром околу 16:00 часот. Полетување за Скопје во 20:25часот со број на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:55 часот. Крај на програмата.

Цена на аранжманот: 27 219 денари (439€)

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авио билет Скопје – Истанбул – Скопје на Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
  • Организиран трансфер: аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања со појадок Hotel Centrum 3* во срцето на градот СултанАхмет hotelcentrumistanbul.com
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Посета на Долмабахче, Ушкудар, Кузунџук и Чамилџа- 65€, влезница за во кулата не е вклучена
  • Вечера на брод – 70€ по лице, со вклучен трансфер, вечера и пијалоци на бродот
  • Посета на Вселенската Патријаршија, Балат, Пјер Лоти и крстарење по Босфорот – 65€ со трансфер и водич
  • Разглед на градот (Хиподром, Аја Софија, Сина Џамија) со локален водич и влезницазаТопкапи палатата – 60€
  • Патничко и здравствено осигурување – 200 ден
  • Цена за пакет со сите факултативи – 235€ по лице

Важна напомена:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
  • За влез во Р. Турција потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци
  • Пријавувањето и уплатата за факултативите се врши во агенција, најкасно 7 дена пред тргнување
  • Краен рок за пријавување 15.12.2023. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Екстра Бус
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

ПРВИ МАЈ ВО КАВАЛА 2023

1 мај
Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287