Истанбул – Велигден

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Истанбул, Турција

Датум

02 мај – 06 мај 2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

ИСТАНБУЛ

1 Ден 02.05.2024 (Четврток)

Поаѓање од градовите:

-Кавадарци  17:30ч, Скопје,Велес,Гевгелија

2 ден 03.05.2024 (Петок)

Пристигнување во предпладневните часови, оставање на багажот во Хотелот кој се наоѓа во областа Лалели.
По краткиот одмор со локален водич го започнуваме пешачкиот разглед со движење преку Капали Чаршија (чаршијата со над 3000 продавници, едно од најпосетуваните места во Истанбул) разгледот продолжува кон :

– Хиподромот ( во вид на потковица, кој некогаш служел за коњски трки) а денес е познат како плоштадот Султан Ахмет каде се наоѓа исто имената Џамија денес позната како  Сината Џамија.

– Јеребати – подземна цистерна. Музејот на базиликата цистерна е еден од најважните културни добра каде што можеме да ги следиме трагите од славната историја на Истанбул. Оваа голема подземна цистерна, изградена од источниот римски император Јустинијан. Внатре во цистерната има 336 столбови, секоја со висина од 9 метри. Овие колони се подигнати во интервали од 4,80 метри, формирајќи 12 реда, од кои секоја содржи 28 колони. Издлабени од разни видови мермер, повеќето столбови се состојат од едно парче, додека некои се составени од два дел.

Сината Џамија (можност за индивидуална посета) – чија каректеристика е тоа што е единствената џамија со 6 минариња на сино-зелените кристали и мермерни камчииња по кои што го добила и името Сината.

Аја Софија (можност за индивидуална посета) – најпрво изградена како црква на Светата мудрост градена во време на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија за покасно да биде прогласена за музеј и беше една од најпосетуваните атракции во Истанбул но претседателот Ердоган повторно ја претвори во џамија.

По завршување на пешачката тура слободни активности и можност за шопинг во Капали Чаршија и областа Лалели која е  преплавена со продавници.
Во попладневните часови предлагаме факултативна посета на  Sapphire Seyir Terasiсо 4Д проекција – eдна од највисоките згради во Истанбул од која може да направите прекрасни фотографии и да уживата во 4Д проекцијата преку која ќе ги посетите најпознатите места во Истанбул, едно навистина прекрасно доживување.
Ноќевање.

3 ден 04.05.2023 (Сабота)

Појадок.

После појадокот можност за утринско турско кафе на Пјер Лоти од каде имаме прекрасен поглед на заливот Златен рог и на стариот и новиот европски дел на Истанбул.
Панорамски разглед со локален водич кој ги вклучува:

– Пјер Лоти (жичара + водич),

– Балат – стара христијанска населба со прекрасни дрвени куќи во која преовладуваат живописните бои на фасадите и мали кафулиња. Тука се наоѓа и старата Грчка гимназија и Вселенската Патријаршија,

– Вселенската Патријаршија – која помагала за ширењето на христијанството во овој дел, исто така овде во црквата Свети Ѓорѓија можете да го видите еден од клиновите со кој бил распнат Исус Христос.

-Галата Кула – ќе направиме прекрасни фотографии и ќе ја научиме историјата за истата од нашиот локален водич,

-Плоштадот Таксим – најпознатиот плоштад во Истанбул до кој води најпознатата пешачка улица Истиклал, која е полна со продавници,кафичи и ресторани.
Слободно време за прошетка.

Долма Бахче палатата – факултативна посета со локален водич на палатата во која е преточено целото богатство и раскош во кој уживале султаните, раскошот на внатрешноста може само да се доживее со посета на истата, за која се употребени 14 тони злато ,40 тони сребро прекрасни лустери 288 соби, 68 тоалети прекрасни градини…

-Крстарење по Босфорот – прекрасно крстарење покрај европскиот и азискиот брег на Босфорот каде се наоѓаат палатата Долма Бахче, џамијата Ортакој ,куќите на познати турски глумци,политичари и бизнисмени многу од нив ќе ги препознаете од турските ТВ серии…
Слободни активности.

-Ноќно крстарење на Босфорот  – факултативна можност за три часовно ноќно крстарење по Босфорот придружено со традиционални турски танци, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и три вида мени по избор .

-Факултативна вечера во  Ресторан Гар со традицонална турска вечера неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и два вида мени по избор .
Ноќевање

4 ден 05.05.2024 (Недела )

Појадок.

После појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Шопинг центар  AQUA FLORYA  во кој се наоѓа еден од најголемите подземни аквариуми  во Истанбул ISTANBUL AQUARIUM , кој може да се посети факултативно.
Слободно време за шопинг.
Поаѓање за Македонија ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 06.05.2024 (Понеделник)

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

Промо цена 119 евра (7,380ден.) за уплата до 01.04.2024

Редовна цена: 139 евра (8,620 ден.)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,
  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Истанбул,
  • Пешачки разглед со локален водич (Капали Чаршија,Хиподром,Аја Софија,Сината џамија),
  • Посета на шопинг центар AQUA FLORYA,
  • Профисионален туристички придружник,
  • Организација и реализација на патувањето
  • Туристичка такса.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за еднокреветна соба 3000 денари,
  • Панорамски разглед со локален водич 20 € – задолжително
  • Пјер Лоти (жичара + локален водич)
  • Балат
  • Вселенската Патријаршија
  • Галата Кула
  • Плоштадот Таксим
  • Подземна цистерна Јеребатан – 30 €
  • Крстарење по Босфор – 20 €
  • Посета на палатата Долма Бахче (Влезница + локален водич) – 45€
  • Sapphire Seyir Terasiсо 4Д проекција (превоз+влезница + локален водич) – 35€
  • Ноќно крстарење на Босфорот факултативна можност за три часовно ноќно крстарење по Босфорот придружено со традиционални турски танци, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и три вида мени по избор – 45€
  • Факултативна вечера во ресторан Гарсо традицонална турска вечера неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и два вида мени по избор – 35€
  • ISTANBUL AQUARIUM (влезница) – 35 €
  • Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
  • Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
  • Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
  • Уплата исклучиво во денари;
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Интерхотел Сандански

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287